Почетна Вести Христијанство Папата Франциск: Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот

Папата Франциск: Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот

76
0

Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот. Преку елегантните сведоштва на Византиското и Отоманското минато, возвишени ѕидини и величествени иконостаси во древните цркви, кои говорат за христијанското присуство што датира од апостолски времиња, Северна Македонија ја одразува длабочината и богатството на својата илјадагодишна култура, истакна папата Франциск во обраќањето пред државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“.

-Дозволете ми да кажам дека овие големи културни богатства претставуваат одраз на вашето бесценето наследство: мултиетничкото и мултирелигиозното лице на вашиот народ, завештанието на богата и комплексна историја на односи градени со векови, рече папата Франциск.

Оваа мешавина на култури и етнички и религиозни идентитети, како што посочи, доведе до мирен и траен соживот каде тие поединечни идентитети си најдоа израз и се развиваа без меѓусебно одбивање, доминација или дискриминација.

-На тој начин, тие доведоа до односи и комуникација што може да служи како пример и референтна точка за мирен и братски живот меѓу заедниците, преку различност и меѓусебна почит, рече папата Франциск.

Овие посебни карактеристики, како што вели папата Франциск, се исто така од огромно значење за интеграцијата со европските народи. Се надевам, додаде тој, дека оваа интеграција ќе се развива на начин што ќе биде придобивка за целиот регион на Западен Балкан, преку постојано почитување на различноста и основните права.

-Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашате земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити и благослови Северна Македонија, да го зачува единството и да и даде благосостојба и радост!, истакна папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *