Почетна Вести Папата Франциск пред посетата на Египет: Доаѓам како гласник на мирот

Папата Франциск пред посетата на Египет: Доаѓам како гласник на мирот

126
0

Папата Франциск му порача на египетскиот народ дека оваа недела во Каиро доаѓа како пријател и гласник на мирот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во снимената видеопорака, која беше објавена денеска, папата  исто така вели дека се надева оти неговото патување ќе биде „прегратка на утеха и охрабрување за сите христијани на Блискиот Исток“.

Во неодамнешните два бомбашки напада на коптска христијанската црква во Египет загинаа 44 луѓе.

Папата Франциск во Каиро ќе пристигне в петок и се враќа во Ватикан во сабота. Папата му посака на народот на Египет мир и додаде дека доаѓа со весело и благодарно срце.

Тој изрази надеж дека неговата посета ќе даде важен придонес за меѓурелигискиот дијалог со исламскиот свет и за екуменскиот дијалог со почитуваната и драга Коптска православна црква.

А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *