Почетна Вести Папата Франциск повика на дијалог и умереност по насилствата во Ерусалим
Папата Франциск повика на дијалог и умереност по насилствата во Ерусалим

Папата Франциск повика на дијалог и умереност по насилствата во Ерусалим

24
0

Папата Франциск повика на дијалог и умереност, изразувајќи загриженоста од новите акти на насилство во Ерусалим.

-Со треперење ги следам големите тензии и насилство во Ерусалим во текот на последните денови. Чувствувам потреба да упатам искрен повик за умереност и дијалог, изјави папата пред верниците кои беа собрани на плоштадот „Свети Петар“.

Папата повика на молитви со надеж дека сите земји ќе дадат предлози за „мир и помирување“.

Тројца Израелци во петокот беа убиени со ладно оружје во еврејска населба на окупираниот Западен брег, неколку часа откако тројца Палестинци загинаа во насилството предизвикано од одлуката на Израел да инсталира детектори за метал на влезовите кон Ридот на храмот. Палестинците се гневни заради камерите и детекторите за метал, инсталирани на контролните пунктови на влезовите кон Ридот на храмот (Благородното светилиште) во Стариот град на Ерусалим – место кое е свето и за муслиманите и за Евреите.

Мерката за безбедност беше воведена откако минатата недела вооружени Палестинци убија двајца израелски полицајци, пред да бидат ликвидирани, потсетуваат американските медиуми.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *