Почетна Анализа Папата Франциск патува во Шведска на историско помирување со Лутеранците
Папата Франциск патува во Шведска на историско помирување со Лутеранците

Папата Франциск патува во Шведска на историско помирување со Лутеранците

77
0

Се е подготвено за историската посета на Папата Франциск на Шведска од 31 октомври до 1 ноември.

Римокатоличкиот поглавар во име на екуменизмот ќе направи историски чекор присуствувајќи на церемониите во Шведска за одбележувањето на 500-годишнината од протестантската реформација.

Посета на Папата на нордиската земја ќе се фокусира силно на екуменските односи, особено со лутеранската црква, објави Католичката прес служба.

luteranska-crkvaКако исклучително важен настан се посочува најава дека Папата Френсиск ќе се им приклучи на протестантските лидери за екуменска молитва во катедралата во Лунд и потоа заедно со нив ќе се движи до  спортската арена во Малме, каде е предвиден централниот дел од настанот.

На настанот покрај Папата Френсиск, ќе биде и претседателот на лутеранската светската федерација,  генералниот секретар на свештеници, кои заедно со лидери од Шведската црква и Католичката бискупија во Стокхолм ќе ја водат молитвата.

Овој историски настан по 5 векови од најкрвавиот раскол во западното христијанството е нова страница во односите меѓу Лутеранската и Католичката црква, што пак покажува дека за екуменизмот како иднина на Христијанството има надеж.

Реформацијата е процес кој почна како судир во Католичката црква во XVI век и доведе до вековни непријателства меѓу Католиците и Протестантите во Европа и други делови на светот. Терминот за прв пат го употребил во 1529 година Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква. Називите протестант или пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот  во Шпајер во 1529 година против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на Протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот Завет.

Овој судир во Католичката црква ќе биде и причина за тресетгодишната крвава војна во Европа во XVII век. Таа претставува еден од најголемите воени конфликти од европската историја. Војната траела од 1618 до 1648 година. Најголем дел од битките се воделе на територијата на денешните држави Германија и Чешка. Во војната учествувале најголемите европски континентални сили. Почнала како религиозен судир, а потоа прераснала во судир меѓу ривалите Франција и Хабзбуршката монархија. Војната однесе околу 8 милиони жртви, а донесе глад, болести епидемии.

Денес, Протестантството претставува една од трите основни струи во христијанството. Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%. Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност ја дефинираат како протестантска.

Во последниве години, сепак, Католиците и Лутераните постигнаа голем напредок во дијалогот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *