Почетна Коментар Папата Франциск одржа час по православен етос
Папата Франциск одржа час по православен етос

Папата Франциск одржа час по православен етос

199
0

Сите Православни, со голема жалост следиме како последниве години, главно поради експлозивноста на информациите низ интернетот, Православната Црква е искористена од политиката и претрпува штета. Етнофилетизмот, иако осуден од Константинополскиот собор во 1872 година, продолжува да го јаде телото на Православната Црква со стабилен и брз ритам, како рак кој полека-полека го ослабува човекот додека не го одведе до смрт.

Ние Грците, со надменоста која честопати нè карактеризира поради нашата голема историја, во секоја прилика потсетуваме дека нашиот јазик и философија се основата на христијанското богословие, лесно потценувајќи ги другите православни народи. Русите, од друга страна, не пропуштаат прилика да ја спомнат „Света Рус“ и се обземаат од аритметичка теологија, оценувајќи ја Црквата врз основа на светски критериуми. Србите, Романците, Арапите – сите имаат проблеми помеѓу себе, а сите заедно се вовлекуваме во националистички страсти, кои немаат никаква врска со православната духовност и со нашата традиција.

Римокатоличката црква, која многумина од нас ја осудуваат за нејзината организациска структура и за положбата на Папата како водач на државата Ватикан, веќе долго време има докажано дека ги надминала сите овие проблеми со голем успех. Секако, таа има други проблеми, но не и етнофилетизам, многубројни расколи и автокефалии и автономии. Барем во управна смисла, моделот кој таа го следи обезбедува вселенско единство преку дисциплина, иако брои 1,4 милијарда верници, скоро во сите земји на светот.

Повод за овој коментар беше средбата на Понтифексот со Украинската гркокатоличка црква на 5 и 6 јули оваа година. Папата Франциск со строгост ја предупреди Гркокатоличката црква во Украина да не се поврзува со „црковни, националистички или политички интереси“. Факт е дека Римокатолиците од латински обред никогаш не се заплеткуваат во националистички замки и ја поставуваат Црквата над нивниот национален идентитет. Но, дури и Гркокатолиците (унијатите), иако според сè се исти со нас, тие се еднакво дисциплинирани и ја сфаќаат Црквата како нешто што е над и вон нивната национална свест. Можеби она што ние Православните го имаме обоготворено, односно поврзувањето на нашата вера со татковината, на крај сепак ѝ штети на верата?

На средбата со Гркокатоличката црква на Украина во Ватикан, Папата потсети на долгогодишните врски на Рим со украинските гркокатолици и истовремено предупреди дека е строго забрането какво било политичко мешање во политичкиот живот на Украина. Папата забележа колку Украина е повредена од нејзиниот судир со Русија, каде „послабите и помалите ја плаќаат поголемата цена“. Таа е повредена од организираната медиумска пропаганда што ја меша верата, која практично нема никаква врска со политиката, согласно двеилјадигодишното предание на Црквата. Тој ги повика Гркокатолиците повторно да се концентрираат на својата духовна и општествена мисија. Да ги утешуваат сите кои ја загубиле љубовта во Христа поради војните, оние кои ги носат телесните и умствените рани, оние кои биле приморани да ги напуштат своите домови за да работат.

„При една спротивставеност која е карактеризирана од редица политички и црковни процедури, многу поголеми од нас“, Папата Франциск -кој претходниот ден се сретна со рускиот претседател Владимир Путин- појасни дека има намера Римокатоличката и Гркокатоличката црква да остане строго неутрална, внимавајќи да не остави впечаток дека е наклонета или кон Москва, или кон Константинопол.

Паралелно, иако постоеше мало напрегање кога Гркокатоличката црква побара да богослужи во храмот на Света Софија, во срцето на Православието во Украина, Римскиот Папа настојува да се пазат „братските врски со другите цркви“ и предупреди да нема никакво приврзување за црковни, националистички и политички интереси.

/Александар Делопулос

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *