Почетна Вести Папата Франциск: Новинарството базирано на лаги е тероризам
Папата Франциск: Новинарството базирано на лаги е тероризам

Папата Франциск: Новинарството базирано на лаги е тероризам

177
0

„Новинарството, кое се базира на гласини и лаги е форма на тероризам и медиумите, кои создаваат стереотипи на целото население, дејствуваат деструктивно.“

Ова го изјави папата Франциск за време на говорот пред италијанската новинарски еснаф, цитиран од весникот “Гардијан”.

papaСпоред него во ерата на постојана покриеност со вести е уште поважно новинарите да ја бараат и презентираат вистината.

Ширењето на гласините е пример за “тероризам или за тоа како можете да убиете човек со јазикот”, рече тој.

„Ова важи со уште поголема сила за новинарите, бидејќи нивниот глас може да стигне до сите и тоа претставува едно многу силно оружје”, додаде понтифот.

Во Италија многу весници се силно политизиран и често се користат за да ги дискредитираат луѓето со различни политички ставови, и често објавуваат непотврдени гласини за нивниот приватен живот, пишува весникот. Во 2009 година, неколку медиуми, сопственост на тогашниот премиер Силвио Берлускони, беа предмет на критики од италијанскиот новинарски еснаф поради серија на материјали во која ги ставаат под сомнение квалитетите на судиијата, кој пресуди против компанијата во сопственост на семејството на Берлускони.

Папата, кој често се изразува во заштита на бегалците и мигрантите, изјави дека новинарството не треба да се користи како “оружје за уништување на човек или дури на целиот народ”.

“Ниту треба да распалува стравот во лицето на настани како присилната миграција поради војна или глад”, додаде тој.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *