Почетна Вести Европа Папата Франциск: Ништо не го оправдува користењето на средства за истребување
Папата Франциск: Ништо не го оправдува користењето на средства за истребување

Папата Франциск: Ништо не го оправдува користењето на средства за истребување

91
0

Папата Франциск денеска го осуди нападот со гас во Сирија, нарекувајќи го неоправдано користење на средства за истребување, објави „Ројтерс“.

„Не постои добра или лоша војна. Ништо, ама баш ништо, не може да го оправда користењето на такви средства за истребување против беспомошни луѓе и народи“, рече папата на крајот од мисата која ја одржа на плоштадот „Свети Петар“.

Според информациите, папата побарал од воените и политичките лидери да изберат поинаков пат, пат на преговори и дијалог, кој, како што рекол, е единствениот кој може да донесе мир, а не смрт и уништување.

Светските медиуми пренесоа дека најмалку 70 лица загинале при напад со хемиско оружје врз сирискиот град Дума, кој е под контрола на бунтовниците. Ваквата информација потекнва од лекари и известувачи од тој регион, додека пак сириската влада вели дека станува збор само за измислици, пренесе „Би-би-си“. Агенциите АП и „Ројтерс“ известуваат дека бројот на мртви е помал и изнесува околу 40 лица.

„Би-Би-Си“ истакнува дека досега ниту еден независен извор не ги потврдил информациите за напад со хемиско оружје.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *