Почетна Вести Европа Папата Франциск најпопуларна личност за 2017
Папата Франциск најпопуларна личност за 2017

Папата Франциск најпопуларна личност за 2017

15
0

Папата Франциск, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон се најпопуларни лидери во светот, покажа истражувањето „Крај на годината, светските лидери“ на „Галуп“.  На испитаниците, при истражувањето им биле понудени 12 имиња на светски лидери, а тие одговарале на прашањата дали имаат многу поволно, делумно поволно, воглавно неповолно или многу неповолно мислење за светските лидери.

Кога станува збор за глобалната популарност, на прво место е Папата Франциск, кој ужива популарност од 56 отсто, пред Меркел со 49 отсто, додека за францускиот претседател 45 отсто од испитаниците се изјасниле дека имаат поволно мислење. Рускиот претседател Владимир Путин ја зазема четвртата позиција со 43 отсто, а по него следуваат британската премиерка Тереза Меј со 38 проценти и кинескиот претседател Си Џинпинг со 37 отсто.

Последното место од листата на најпопуларни светски лидери на глобално ниво, го зазема претседателот на Иран, Хасан Рохани.  Кога станува збор за негативното мислење, рускиот претседател има најмала поддршка во Полска, Си Џинпинг во Јапонија, а Меркел во Чешка.

Во истражувањето учествувале 53.769 испитаници од целиот свет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *