Папата Франциск изјави дека, дури и во случаи на самоодбрана, мирот е крајната цел, нарекувајќи го конфликтот во Украина „лудило на војната“.
„Војната е лудост. Тоа е надвор од разумот. Секоја војна, секој вооружен конфликт, каква било конфронтација, секогаш завршува со пораз за сите“, рече папата во неговиот последен месечен видео повик за молитва, пренесе Ројтерс.

