Почетна Вести Европа Папата Франциск крсти 34 бебиња
Папата Франциск крсти 34 бебиња

Папата Франциск крсти 34 бебиња

23
0

Папата Франциск денеска во Сикстинската капела крсти 34 бебиња, а на нивните мајки им порача дека слободно можат да ги дојат своите бебиња за време на церемонијата која траеше повеќе од два часа.

Папата крсти 18 женски и 16 машки бебиња, меѓу кои имаше и два пара близнаци.

-Ако започнат концерт со плачење, или ако им е неудобно, претопло или пак се гладни – можете да ги доите, не плашете се, нахранете ги, бидејќи и тоа е јазикот на љубовт,  рече Pапата.

Жените во некои земји сè уште се мета на напади поради доењето на јавни места, поради што телевизиите на церемонијата прикажаа како дел од мајките ги хранат своите бебиња.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *