Почетна Вести Папата Франциск ја повика Европа да се врати на своите корени
Папата Франциск ја повика Европа да се врати на своите корени

Папата Франциск ја повика Европа да се врати на своите корени

38
0

Папата Франциск денеска ја повика Европа да се врати на своите корени во време кога континентот се справува со последиците од бегалската криза, излезот на Велика Британија од ЕУ и „трагичното помрачување на умот“ со религиозното насилство, пренесоа американските медиуми.

papata-franciskoФранциск својот годишен надворешно политички говор го посвети на помагање на мирот во епоха на масовни миграции, економска стагнација и воинствен екстремизам низ светот.

Тој пофали неколку европски земји затоа што примиле багалци  и ги повика и другите да го следат нивниот пример, иако истовремено се борат со сиромаштијата и другите социјални проблеми, кои можат да го распламтат религиозниот фундаментализам.

Во својот говор пред амбасадорите акредитирани во Светата столица, Франциск ја повика Европа да ги преоткрие своите основни вредносни идеали по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, една од главните спогодби што доведоа до создавањето на ЕУ.

-Европа во целина го преживува решавачкиот момент од својата историја, во кој е повикана наново да го открие својот вистински идентитет, рече Франциск.

„Тоа значи дека треба да се врати кон своите корени за да биде во состојба сама да го формира обликот на својата иднина“.

Светиот отец повика и на изградба на нов европски хуманизам, преку кој ќе се осовремени идејата за европската заедница.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *