
81
0
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го осуди терористичкиот напад во Истанбул, извршен на новогодишната ноќ, во кој загинаа 39, а беа повредени повеќе од 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата на мисата на плоштадот Свети Петар во Ватикан изјави дека е потресен од терористичкиoт напад извршен во новогодишната ноќ, која се карактеризира како „ноќ на добри желби и надежи“.
Тој порача дека неговите молитви се со загинатите, нивните семејства, повредените и со целиот турски народ. Папата изрази жалење поради болката што тероризмот им ја нанесува на луѓето ширум светот.
/A.A