Почетна Вести Европа Папата Франциск ги повика младите луѓе да не дозволат нивниот глас да биде замолчен
Папата Франциск ги повика младите луѓе да не дозволат нивниот глас да биде замолчен

Папата Франциск ги повика младите луѓе да не дозволат нивниот глас да биде замолчен

26
0

Папата Франциск денеска ги повика младите луѓе да продолжат да го креваат гласот и да не дозволат постарите генерации да ги натераат да молчат или да им го успијат идеализмот.

Изјавата на папата доаѓа ова еден ден откако стотици илјади американски млади и нивни поддржувачи одговорија на повикот на преживеаните од масакрот во гимназија во Флорида минатиот месец и се вклучија во протестите низ целата земја, барајќи построги закони за оружјето.

Папата ги повика младите луѓе да не дозволат да бидат манипулирани.

– Отсекогаш постоело искушението да се натераат младите да молчат. Секогаш имало начини да се натераат младите да молчат и да бидат невидливи,, да се кротки, да не поставуваат прашања и да не  се сомневаат во ништо, рече папата.

– Драги млади луѓе, вие ја имате способноста да го кренете гласот. Бидете како луѓето кои го поздравиле Исус со палмови гранчиња, а не како оние кои само неколку дена подоцна викаа „Распни го”,  порача поглаварот на Римокатоличката црква.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *