Почетна Вести Европа Папата Франциск: Драматично на балканската рута, да ги заштитиме децата
Папата Франциск: Драматично на балканската рута, да ги заштитиме децата

Папата Франциск: Драматично на балканската рута, да ги заштитиме децата

129
0

По повод денешниот Меѓународен ден на молитва против трговија со луѓе, Папата Франциск побара од властите во земјите низ кои минуваат мигрантите да посветат посебно внимание на илјадниците малолетни лица без придружба, предупредувајќи на драматичната состојба на таканаречената балканска рута. Папата посочи дека малолетниците без придружба се особено ранливи и апелираше за нивна заштита, пренесува официјалниот портал Ватикан њуз.

Порталот наведува дека повеќе од 9.000 мигранти и бегалци се во Босна и Херцеговина, од каде се обидуваат да влезат во Хрватска, односно во ЕУ, преку балканската рута. Повеќето од нив доаѓаат од Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Сирија, Ирак и Иран, а има и мигранти од Северна Африка за кои балканската рута е побезбедна за движење отколку Медитеранот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *