Почетна Вести Христијанство Папата Франциск доаѓа во Македонија во мај следната година?
Папата Франциск доаѓа во Македонија во мај следната година?

Папата Франциск доаѓа во Македонија во мај следната година?

1.28K
1

Папата Франциск ќе биде првиот поглавар на Римокатоличката црква што ќе ја посети Македонија, а посетата ќе се реализира во првата недела од мај 2019 година, како дел од турнејата што ќе ги опфати и Бугарија, и Романија, објави аргентинската државна новинска агенција Телам, повикувајќи се на извор во Ватикан.

Тоа засега е единственото предвидено патување во Европа на поглаварот на католичката црква следната година.

„Хорхе Берголјо (световното име на папата – н.з.) ќе патува со важна порака за екуменска отвореност, бидејќи во трите држави има големо православно мнозинство. Во Македонија, исто така, една третина од населението се муслимани“, објаснува агенцијата.

Засега нема ниту потврда, ниту демант на оваа вест.

/експрес мк

Коментар(1)

  1. Јеретици из римокатоличке “цркве” и њихов архијеретик само трују земљу где дођу. Где они дођу нема мира .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *