Почетна Вести Христијанство Папата Франциск доаѓа со порака: Најубавите мозаици се тие со многу бои

Папата Франциск доаѓа со порака: Најубавите мозаици се тие со многу бои

205
0

На два дена пред неговата посета на нашата земја, Папата Франциско порача дека доаѓа во Македонија да го посее семето на братството, на радоста и пријателството. Во неговата видео порака тој вели дека оваа посета ја посветува на големата светица, и според него ќерка на Македонија, Мајка Тереза.

Папата Франциско ќе пристигне во нашата земја во вторник, по тридневната посета на Бугарија која започнува утре.

Според агендата, по завршување на церемонијата за дочек, тој најпрво ќе оставри средби со сите високи државни претставници во Вилата Водно, по што следува средба со сите верски поглавари во спомен куќата на Мајка Тереза. Во третиот дел од посетата предвидена првата историска миса во нашата земја, која Римокатоличкиот Папа ќе ја одржи на плоштадот “Македонија”. Очекувањата се дека неговото обраќање во живо ќе го проследат околу 11.500 посетители.

10 часовната посета ќе биде комплетирана со екуменска и меѓурелигиска средба со младите, што ќе се одржи во Пасторалниот центар.

Со оглед на големиот број на посетители кои ќе бидат присутни во главниот град, од Министерството за здравство информираа дека е направен посебен план со кој сите пациенти во државава да можат да ги добијат потребните здравствени услуги.

Клиничкиот центар ќе биде подготвен за евентуалните медицински потреби на делегацијата предводена од Папата, поради што ќе има забрана за пристап со приватни возила од понеделник во 18 часот, во следните 24 часа. Додека сите останати граѓани кои ќе имаат здравстевени проблеми ќе треба да се упатуваат во Градската општа болница “8 Септември” и Клиниката за хируршки болести “Св Наум Охридски”.

/sitel

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *