Почетна Вести Папата до мигрантите: Не сте сами
Папата до мигрантите: Не сте сами

Папата до мигрантите: Не сте сами

102
0

Папата Франциско во рамки на неговиот денешен престој на грчкиот остров Лезбос, го посети центарот за прием на бегалци Морија, каде на мигрантите им порача дека не се сами и ја повика меѓународната заедница да покаже заедничка хуманост во бегалската криза.

– Денеска сакав да бидам со вас. Не сте сами… Немојте да ја губите надежта, им порача папата на мигрантите во Морија, кои ги посети во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним.

papa lesbos 8Група деца, меѓу кои дел пристигнале на Лезбос без придружба на свои роднини или блиски, ги пречека гостите уште на влезот од кампот, при што е некои од нив вееја сириски знамиња.

За време на посетата деца од кампот на папата му подарија свои цртежи, од кои еден особено му се допадна на понтифот, па на луѓето од неговата придружба им порача „да не го виткаат, затоа што сака да го чува на неговата работна маса“.

Папата се поздравувше со мажите во центарот, додека на жените само им се поклонуваше. Еден од мигрантите падна на колена пред папата со зборовите: „Ти благодарам Господе! Ти Благодарам! Оче те молам благословиме“.

papa lesbos 7– Ние дојдовме со цел да го привлечеме вниманието на светот на оваа тешка хуманитарна криза и да се помолиме за нејзино решавање, изјави папата во обраќањето пред мигрантите. – Бегалците не се бројки. Тие се луѓе со свој идентитет, имиња и приказни и треба да добијат таков третман, нагласи понтифот.

Тој ги повика европските лидери на покажат хуманост и да им пружат помош на бегалците во духот на братсвото и солидарноста.

papa lesbos 5Патријархот Вартоломеј од своја страна изјави дека светот „ќе се соочи со осуда поради односот кон мигрантите“, оценувајјќи дека затворањето на границите за бегалците претставува одраз за „незаинтересираност“.

– Дојдовме тука да ви кажеме дека сме загрижени за вас. Дојдовме тука да ви кажеме дека светот не ве заборави… Плачевме кога гледавме како Средозменото Море станува гробница за вашите сакани, изјави партијархот во обраќањето до мигрантите.

Атинскиот архепископ Јероним пак во своето обраќање упати отворени критики на европската политика кон мигрантите и на склучвањето на договорот меѓу ЕУ и Анкара за запирање на мигрантскиот прилив, со кој се предвидува депоратција на илегалните мигранти во Грција во Турција.

Тој нагласи дека ова не е прв случај „на осуда на политиката која овие луѓе ги доведе во ваков ќорсокак“.

papa lesbos 4– Само оние што ќе ги видат очите на малите деца со кои се сретнавме во кампот, ќе можат во буквална смисла да го сфатат „банкротот“ на хуманоста и солидарноста што Европа во последниве години го манфесираше кон овие луѓе, рече архиепископот Јероним, повикувајќи ги притоа ОН да презмет мерки против оваа „трагична состојба“.

Како што јави ДПА, додека тројцата висок свештени лица го обиколува центарот Морија, каде во моментов се наоѓаат околу 3.000 мигранти, од кои најголемиот број се под закана да бидат депортирани во Турција. можеле да се слушнат повици: „Слобода!, Слобода!“.

По посетата на центарот за бегалци, тројцата црковни великодостојници потпишаа заедничка декларација во која се повикува на вложување поголеми меѓународни напори за решавање на мигрантска криза и за мир на Блискиот Исток.

– Глобалното јавно мислење не смее да ја занемари колосалната хуманитрана криза предизвикана од насилството и вооружените конфликти, проследени со злсторства и протерување на верските и етничките малцинства и одвојување на семејствата од нивните домови, се посочува во декларацијата.

Тројцата великодостојници во текстот наведуваат и дека „ќе вложат повеќе напори за надминување на повеќевекованта поделба меѓу православната и католичката црква“.

papa lesbos 3Папата Франциско, патријархот Вартоломеј и архиепискоот Јероним има средба и со локални жители на Лезбос, како и со претставници на малата католичка заедница на островот. При овие средби вселенскиот патријарх ги пофали заложбите на жителите на Лезбос за помош на мигрантите.

Тројцата црковни великодостојници одржаа и заедничка молитва во пристаништето во Лезбос, по што фрлија венци од свежо цвеќе во морските води во сеќавање на мигрантите кои се удавија во Егејското Море во обид да стигнат до грчките острови.

papa lesbos 2Папата на Лезбос допатува препладнево, при што на аеродромот во Митилени го пречекаа патријархот Вартоломеј и архиепископот Јеронимм, заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас,

Во текот на летот кон Лезбос, папата изјави дека ова негово патување е „одбелжано со тага“. – Ова е тажен пат. Ќе ја видиме најголемата хуманитрана катастрофа по Втората светска војна. Ќе видиме многу луѓе кои страдаат, кои бегаат и не знаат каде одат, изјави папата пред пристигнувањето во Лезбос.

Тој нагласи дека ќе ја посети и „гробницата – Егејското Море“, во кое животите ги загубија „многу луѓе кои никогаш не стигнаа“ до своето одредиште.

Ватикан уште преходно најави дека Посетата на папата на Лезбос има исклучиво „хуманитарен и екуменски карактер“ и дека таа не е замислена како критика на договорот меѓу ЕУ и Анкара, туку дека нејзина цел е да им пружи поддршка на мигрантите и да го привлече вниманието на јавноста на „првата линија на фронтот на европската мигрантска криза“.

Патријархот Вартоломеј и архиепископот Јероним, кои уште вчера допатуваа на Лезбос, изјавија дека целта на посетата на папата на Лзебос е овој „долготраен прболем да се пренесе на меѓународната арена, за да се покаже дека тоа не е проблем само на Грците, туку и на Европа и на целото човештво“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *