Почетна Вести ПАПАТА: Денес има повеќе христијански маченици отколку во старите времиња
ПАПАТА: Денес има повеќе христијански маченици отколку во старите времиња

ПАПАТА: Денес има повеќе христијански маченици отколку во старите времиња

154
0

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциск се молеше за Коптите кои загинаа во нападите на ИСИС во Египет.

Како што вели тој, овие денови има повеќе христијански маченици отколку во античките времиња.

Папата Франциск за време на неговата посета на италијанскиот пристанишен град Џенова се молеше за, како што рече, „браќата, египетските христијански Копти, кои умреа, бидејќи тие не сакаа да се откажат од својата вера.“

-Да се потсетиме дека сега има повеќе христијански маченици отколку во античките времиња, рече папата.

Во вооружениот напад врз автобус полн со Египетски Копти јужно од Каиро во петокот загинаа 29 луѓе, меѓу кои и деца.

Во нападот, кој се случи во пресрет на муслиманскиот месец Рамазан, од декември минатата година, е четврти напад врз христијанското малцинство во Египет.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси за нападот ги обвини милитантите на ИСИС во Либија.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *