Свет

Пакистанската војска спречи напад врз христијани во Лахор

By Уредник

April 15, 2017

Пакистанската војска соопшти денеска дека безбедносните сили спречиле „голем терористички напад“ врз христијанското малцинство во градот Лахор и притоа убиле еден екстремист, а неколкумина се уапсени.

Како што се наведува во соопштението, тоа се случило во текот на ноќта по завршената литургија во градската црква и притоа се повредени четворица војници. Засега не се знае која екстремистичка група планирала да ги нападне христијаните во Лахор.

Во тој град во 2016 година во бомбашки напад се убиени 70 луѓе во парк, во кој во тој момент се наоѓале и христијани и муслимани.

/МИА