Почетна Политичка теологија Пад на довербата во Католичката црква
Пад на довербата во Католичката црква

Пад на довербата во Католичката црква

62
0

Во хрватското општество слабее институционалната религиозност, а се забележува и пад на вредностите за индивидуалната религиозност, поголемиот број религиозни лица меѓу послабо образованите, жителите во помалите места и жените, како и јакнењето на политичко-идентитетската улога на религијата. Ова се резултатите од истражувањето спроведено во 2018 година, на репрезентативен примерок од 1.500 испитаници, кое е дел од проектот „Европски истражувања на вредностите“, во кој се вклучени 40 земји од Европа.

Генералната оцена е дека се намалила довербата на хрватските граѓани во Католичката црква. Во 1999 година, 62,8 отсто од испитаниците искажале доверба кон неа, во 2008-та – 52,4 отсто, а во 2018 година 38,4 отсто. Бројот на оние што немаат никаква доверба се зголемил за 5,1 отсто во 1999 година и достигнал ниво од 20,8 отсто во 2018 година.

Во анкетата се покажало и намалување на бројот на верници што посетуваат верски обреди, а се зголемил бројот на оние што не одат или тоа го прават многу ретко. Бројот на лицата што одат еднаш неделно во црква изнесувал 31,4 отсто во 1999 година, односно 22,6 отсто во 2018 година.

Еден од авторите на истражувањето, професорот по социологија на загрепскиот правен факултет Синиша Зриншчак за Радио Слободна Европа посочува две причини за падот на довербата во Католичката црква.

– Некои од верниците што се дистанцираат од неа сега искажуваат помала доверба поради самата црква. Втората причина, која е поважна, е што во Хрватска има пад на довербата во сите институции. Хрватска, ако се гледаат и другите земји, има доста ниска доверба во сите државни институции, што не е добро за општеството и за функционирањето на државата – вели Зриншчак.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *