Почетна Вести Христијанство Овој Велигден голем ден за Македонците во Австралија
Овој Велигден голем ден за Македонците во Австралија

Овој Велигден голем ден за Македонците во Австралија

408
0

Митрополитот Тимотеј, администратор на Австралиско сиднејската епархија на МПЦ годинава за Велигден ќе служи во Катедралната црква Св Кирил и Методи, Розбери. Литургијата во Свети Кирил и Методиј ќе биде главната служба на ден Велигден во недела.

Ова ќе биде прва служба на Митрополитот Тимотеј во Розбери од 1994 година.

Неговото Високопреосвештенство во црквата Св. Кирил и Методи, Розбери ќе служи и за  ВЕЛИКИ ПЕТОК (6ти Април, со почеток во 7.00 часот навечер), Опелото Христово со Плачот на Богородица; Читање на Статиите и вртење со Плаштаницата околу храмот.

Тимотеј ќе сослужува со Прота Наум Деспотоски, чие расчинување заради непослушност од страна на владиката Петар, Синодот неодамна и формално го поништи.

Овој Велигден велат Македонците од Австралија ќе биде најрадосен и симбол на победата и обединувањето.

Владиката Тимотеј ќе служи и во црквата Св. Никола, Кабрамата за ВЕЛИКА САБОТА И БЛАГОВЕШТЕНИЕ (7ми Април, со почеток во 8.30 наутро), Света Архиерејска Литургија; Света Причест после службата.

Во Св. Никола, Кабрамата, Митрополитот Тимотеј ќе сослужува со новиот парохиски свештеник, Игор Младеновски и други македонски православни свештеници од Сиднеј.

Инаку Синодот на МПЦ на 28 февруари 2018 година ја прифатил молбата за помилување и отец Наум го вратил во редот на клирици на МПЦ.

Отец Наум беше расчинет од Владиката Петар поради тоа што застана на страната на побунетите црковни општини. Неговиот статус остана спорен и по договорот меѓу црковните општини и Синодот од 2012 година се до оваа година.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *