Почетна Анализа Ова се европските градови во кои живеат најголем број на муслимани
Ова се европските градови во кои живеат најголем број на муслимани

Ова се европските градови во кои живеат најголем број на муслимани

532
0

Брисел е на врвот, но ќе се изненадите кој го има првото место

Српскиот портал „Телеграф.рс“ направил анализа за процентуалната застапеност на муслиманите во европските метрополи, но и на перцепцијата во Европа на исламот и на теророризмот. Меѓу градовите со најголем број на муслимани се главните европски престолнини, Париз и Лондон, но според анализата на „Телеграф.рс“бројот на муслиманите не игра улога во присуството на исламистичкиот тероризам. 

Еве дел од анализата на српски „Телеграф“

ismalisti 4Една од најголемите предрасуди гласи дека муслиманите и тероризмот се слични зборови. Секој кој така размислува прави полоша работа од тероризмот.

Анализата на „Телеграф’ нема никаква желба да востанови врска меѓу прусуството на муслиманите во некој град и можните терористички напади, но за да бидеш исламистички терорист треба да бидеш муслиман (секако, тоа е идеолошки услов, а психолошки услов да бидеш терорист е да бидеш губитник и лудак).

Голема глупост е да се каже „не се сите муслимани терористи, но дека сите терористи се муслимани“, зашто не се сите терористи муслимани.

Исламистичките терористи се муслимани, но тероризмот постои и надвор од исламот. Потсетете се на левичарскиот и десничарскиот тероризам кои го потресол светот во децениите после Втората светска војна. Дури и денес има ситуации кога христијански „бели расисти“ убиваат други луѓе поради бојата на кожата или затоа што вршат абортуси.

Второ немаме желба да одиме во корист на нетолерантните луѓе, кои секој муслиман го гледаат како личност која е опасна и која е потенцијален терорист.

islamistiМеѓутоа, мораш прво да бидеш муслиман за да бидеш исламски терорист, а нападите се концентрирани на големите градови (пред десетина години биле Лондон и Мадрид, лани на 13 ноември беше Париз, а сега е Брисел), па и теророт во нив има најголем одек и загрозува најмногу луѓе, затоа и градовите во кои има најмногу потенцијални исламисти воедно се и најзагрозени.

Кои се тоа градови на територијата на Европската унија?

(Анализата на „Телеграф“ нема да се занимава со цела Европа, зашто постојат и држави во кои поголемиот дел од населението е муслиманско, во кои припадниците на исламската религија се „домородци“ и во кои степенот на опасност од тероризам е низок, зашто исламистите, пред се, делуват во земјите во кои не се домородци и во земјите во кои се доселите тие или нивните родители).

Тешко е да се подредат градовите по бројот на муслимаснки мигранти, зашто таквите информации се базираат само на проценки. Некои од нив се засновани и на објективни податоци.

Судејќи по званичната статистика, односно по пописот од 2011 година, англискиот град Бредфорд процентуално има најмногу муслимани на територијата на цела Европа, односно 32, 4 отсто. Следува Блекбурн со 28, 4 отсто на муслимански жители и Бирмингем со 26, 9 отсто.

Француското и холандското пристаниште, Марсеј и Ротердам и белгиската престолнина Брисел се блиску до тој процент, зашто проценките за овие три града достигнуваат до 25 отсто.

Има и такви што само на Брисел му даваат 15 до 17 отсто. Лутон има 24, 4 отсто. Амстердам 24 отсто, Стокхолм и Малме имаат 20 отсто, Лестер 18, 6 отсто, Барселона 17, 54 отсто, Антверпен 16, 9 отсто, Манчестер 15, 8 отсто и Хаг 14, 2 отсто.

Во Париз  и Лондон има меѓу 10 до 15 отст муслимански мигранти.

Според „Економист“ во Париз има најмногу муслимани, односно 1, 7 милиони луѓе, ако се смета територијата на целата метропола. И Лондон не заостанува многу, зашто му припаѓа еден милион луѓе во границите на Големиот Лондон.

Ако сите овие бројки се земат во предвид, јасно е дека процентот и бројот на муслимани не игра дирекна улога во вероватноста на исламскиот тероризам.

Прво, постои слобода на движење низ цела Европа.

Второ, важна е интеграцијата на мигрантите. Ако се вклучени во општеството (во Париз и Брисел не се), мала е вероватноста дека ќе дојде до радикализација. Луѓето најчесто имаат тенденција да чезнеат за рајските предели по смртта, само ако на овој свет немаат ништо вредно за да живеат за него.

Трето, многу е важно кој град е во прашање и какво е неговото значење во светските односи.Во Лутон можат да живеат колку било муслимани, но во тој град било каков напад ништо нема да донесе.

Од друга страна, Брисел, Лондон, Париз, Амстердам, Стокхолм, Хаг, Берлин, Франфуркт, Милано, Виена, па дури и Ротердам, Марсеј, Хамбург и Антверпен се градовите во кои нападите предизивкуваат голем ефект и публицитет.

(телеграф.рс)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *