Отворен тестаментот на Албанскиот архиепископ

Date:

Share post:

По одржаниот 40-дневен помен по неговата смрт, Синодот на Албанската автокефална црква го отвори тестамент на архиепископот Анастасиј.

– Во тестаментот стои дека сите негови финансиски заштеди како архиепископ и припаѓаат на Албанската црква. Половина од нив да бидат потрошени во завршувањето на катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана, додека остатокот да се користи за поддршка на платите на свештениците и за развој на црковните младински програми на албанската црква, објави Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) на официјалната страна на Фејсбук.

Книгите, чиј автор е тој треба да се предадат на библиотеката на Православната богословска академија „Воскресение Христово“, а дел од нив, симболично, да им бидат подарени на други митрополити.

Книгите лоцирани во Атина се донирани на библиотеката на Центарот „Порефтентес“, кому му ги префрла и авторските права од продажбата на негови книги.

Поглаварот на Албанската црква, почина на 25 јануари во болницата „Евангелизам“ во Атина, каде што се лекуваше од 3 јануари.

Роден е на 4 ноември 1929 година во Пиреја. За архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, како што беше неговата титула, беше избран во јуни 1992 година, кога во исклучително тешки околности ја основа и ја разви автокефалната Албанска православна црква, која беше целосно запоставена во децениите на комунистичкиот режим.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...