Спрскиот културно информативен цертар СПОНА во Скопје, објави дека од церквата Света Тројца во Куманово е отстранет вредниот и уникатен Иконостас, подарок од српската кралица Драга и кралот Александар обреновиќ од 1900 година и заменет со мермерен нов иконостас.
СПОНА смета дека ова е грубо уништување на српското црковно наследство во Македонија. СПОНА пишува дека одовор барале од сите надлежни институции, а добиле само од Министерството за култура и од Кумановско-осоговската епархија.
Министерката за култура ги известила дека „иконостасот во црквата Света Тројца во Куманово не е на листата заштитено културно наследство и дека треба да се обратат до наджниот центар за конзервација“.
-Од останатите институции не добивме соодветен одговор, додека од страна на епископот Кумоановско-осоговски МПЦ г. Григориј добивме официјален акт кој е насловен „Одговор на апелот за зачувување автентичноста на црквата Света Тројца во Куманово со посебен акцент на дрвениот иконостас изработен 1901 година, со опомена пред тужба (арџ. Бр. 156/22 од 12,09,2022). Закана со тужба за СПОНА, само затоа што јаво поставивме прашање каква е судбината на иконостасот од кралицаата Драга и дали истиот ќе биде сочуван од уништување, пишува СПОНА.
-Под превезор на ноќта, зад заклучени врати и ограда уште од Спасовден оваа година, без табла, известување и информации за верниците или институциите здробен е уште еден печат на српска донација и дар на српскиот народ и на српската црковна општина во Куманово, конкретно црквата Света Тројца(градена во периодот од 1899-1902) и преубавиот и многу вреен иконостас, нарачан и неменнски изграден во цариград уште во далечната 1900 година, пишува СПОНА.

Откако пред неколку години, истиот владика Григориј ги избриша сите српски сигнатури од иконите во храмот во Свети Јоаким Осоговски, па после опомената од некои од моите колеги културни работници, преку ноќ ги врати за да не се соочи со страшните последици од бришењето на културната историја, сега повторно прави вандалски чин и го уништува иконостасот во храмот Света Троица. Ме зачудува и одговорот дека уништениот иконостас не е дел од културното наследство, кога у нашата фела се знае дека она што е постаро од 100 години, веќе станува дел од културното наследство – конкретно, споменатиот иконостас подарен во 1900 година од српската кралица е стар малтене 120 години. Очигледно е дека контроверзниот во многу нешта владика Григориј е склон и кон вандализам.
Кутар наш Балкан… Со сета почит, љубов и благодарност: секако дека иконостасот чија историја ја опишуваат претставниците на СПОНА одиграл скапоцена улога во споменатиот храм, но како да се соочиме со гнилежноста на сите твари, па и на иконостасите кои некогаш блескале на свој начин, особено заради верата, надежта и љубовта на нивните дарители, на уметниците, на верниот народ и свештенството итн.?! Сепак, реално е да се каже дека единствено од благородните метали и од скапоцените камења меѓу материјалите може да очекуваме да одолеваат на забот на времето. Се’ што е постаро од 100 години не може да биде заштитено културно наследство, или барем не во таа смисла во која посакуваат членовите на СПОНА (ако законот е таков, неселективен, тогаш не е ни добар). Да се полага право на начинот на кој ќе се одржуваат, уредуваат или украсуваат храмовите на Македонската Православна Црква од која било страна е невозможно, но ако СПОНА чувствува потреба да ги чува отстранетите иконостаси или други предмети кои ги чувствува како српско културно наследство во некои македонски храмови, секако може да замоли кај надлежниот митрополит да ги пренесе во свои соодветни простории (како артефакти со музејска вредност и сл.) и не верувам дека ќе биде одбиено. Мојата почит кон српските владетели-ктитори кои благоволиле да изградат прекрасни христијански светилишта во Македонија за време на нивното владеење и кои биле искрени ревнители за Православието расте во овие времиња на своевидно богоотстаништво кај европските влади. Не сакам ни да замислам што би се случило ако тие владетели биле идолопоклоници или некој друг вид богоотстапници и ако распространувале некои мрачни или искривени духовни патишта по нашата земја. Но знам дека од економска гледна точка во храмовите коишто ги подигнале во Слава Божја е вграден данокот на македонскиот народ за време на тој соживот: во тие храмови овој народ побожно се собирал на богослужења и се молел, давал монаси, го чувал благочестието и под тешкиот турски јарем итн. Значи, тоа е заедничко дело Божјо, на македонскиот народ и на српските владетели кои во тие времиња владееле со него. Наша задача денес е со голема меѓусебна љубов и внимателност да ревнуваме заедно на нивата Господова секако и со браќата Срби кои живеат во Македонија во овие нови времиња, да си бидеме најдобри помошници едни на други и заедно да се заштитиме од непријателите на Духот Божји негувајќи свети и христолики меѓусебни односи секогаш и на сите рамништа. Јасно е дека сите ние имаме свои идеи за благолепието на црквите, и сите ние се разликуваме меѓусебе и според естетскиот афинитет, и според богословското знаење и според духовниот опит, и според многу други нешта. Дури и начинот на кој денес финансиски се учествува во фрескописањето на црквите на многу места е прилично комерцијален (нешто што лично ме ужаснува). Се согласувам дека сето тоа има своевидно мистично влијание врз животот на евхаристиските заедници коишто гравитираат кон храмовите. Но, право на надлежниот Епископ насекаде ширум Православието е да одлучува за изгледот, промените, одржувањето итн. на сите храмови, конаци, и др. градби што претставуваат имот, наследство на неговата епархија. Тој (како и секој) пред својот Господар стои или паѓа. А ние ќе си го најдеме своето место во тој вечен брод на спасението (Црквата) на еден или друг начин.
Dobil preporuka i poklon nov ikonastas od Sofija i Brisel. Možda će i zakači i tabla na bugarski i albanski jazik.
Možda se sprema da uvede služba vo crkvata na bugarski jazik, pa nema smisla da ja vrši pred srpski ikonostas