Почетна Вести Регион Откажана посетата на Иларион Алфеев на Софија
Откажана посетата на Иларион Алфеев на Софија

Откажана посетата на Иларион Алфеев на Софија

172
0

Откажана е посетата на митрополитот Волоколамски Иларион на Бугарија, закажана за 25 февруари 2022 година. Ова го соопшти митрополитот Старазагора Кипријан, цитиран од monitor.bg, објави „доксологијаинфољуз“.

-Потсетуваме дека на 26 февруари во 00:00 часот Бугарија го затвори својот воздушен простор за сите руски авиони во знак на солидарност со украинскиот народ, кој продолжува храбро да ја брани својата татковина од руските агресори и окупатори, пишува во веста.

Посетата на Иларион Алфеев се поврзуваше со потпишување на договор со БПЦ со кој РПЦ требаше да донира за реставрација на црквата Свети Александар Невски. Во бугарската црковна јавност имаше остри реакции дека на овој начин Руската црква се обидува да ја купу Бугарската црква на своја страна, како што тоа го направи со СПЦ со донацијата за црквата Свети Сава на Врачар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *