Почетна Коментар Отец Пимен со осуда за морбидната фотографија на Груевски
Отец Пимен со осуда за морбидната фотографија на Груевски

Отец Пимен со осуда за морбидната фотографија на Груевски

4.30K
2

Европскиот Митрополит Пимен ја осуди морбидната фотографија, на која лидерот на ВМРО ДПМНЕ е претставен во мртовечки ковчег, а која денеска опозициските поддржувачи, меѓу кои и универзитетскиот професор, Тито Беличанец, ја споделуваат на социјалните мрежи.

Еве што напиша, отец Пимен на својот фејсбук профил:

Ако осудувавме некролози на амбасадори, крст со името на Заев, не може да се премолчи и да не се осуди и оваа нова фотографија каде што Никола е ставен во мртовечки сандак.

pimen fb 1Сепак за истите човечки принципи се работи. А имаме и заповед да ги љубиме дури и непријателите свои. Или толку сме се оддалечиле од Бога што нит него, нит ближните ги љубиме, а камо ли непријателите?

Коментар(2)

  1. Убаво кажано, но мислам дека прво владиците треба да ја покажат љубовта меѓу себе па потоа да го учат народот. Но во неделата на митарот и фарисејот да не ги осудуваме другите, туку да се погледнеме себеси. Во радост да го дочекаме Велигденскиот пост, “Се ви е дозволено да јадете, само луѓе немојте да јадeте”. “Еј Господи, Царју, даруј му зрети моја прегрешенија и не осуждати брата моего”. Само љубовта кон Бога и ближниот спасува.

  2. За жал, постои Соросов портал кој изминатите седум-осум години деноноќно се бави со фотомонтажи и карикатури од најцрн вид, чиј предмет на потсмев и прогонство се безмалку единствено Никола Груевски и Архиепископот Стефан. Текстовите? Од нигде никаде најгнасни навреди кон секој вид на македонско родољубие (за ВМРО, Никола Груевски и да не зборуваме) и кон секоја православна христијанска набожност (најтешко исмевана е токму Македонската Православна Црква, па и Православието како такво), без никакво достоинство на основниот човечки говор…, а сето тоа од една група т. н. македонски интелектуалци и уметници, своевремено етаблирани, кои во суштина бараат повеќе почит за себе и на тој начин го самопромовираат својот навистина необичен светоглед? Има меѓу нив и корифеи на една црна теологија која одвреме навреме се обидува да го релативизира ликот Христово и Божјиот Домострој на спасението изедначувајќи го мошне лукаво со нехристијанските религии и пркажувајќи го христијанството (особено Православието) како агресивно, како сериозна закана не само за човековите права и слободи туку и за физичката слобода како таква. За жал тоа е кауза, не можеме да ги затвораме очите пред тој факт. Добро е што конечно проговоривте за неа.

Напиши одговор на Андреа Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *