Почетна Коментар Отец Пимен: Прошката лежи во покајанието
Отец Пимен: Прошката лежи во покајанието

Отец Пимен: Прошката лежи во покајанието

462
0

Покај се!
Прошката лежи во покајанието.
Поканието има смисла во борбата да не го повториме истиот грев.
И затоа
Прости!
За да ја видиш убавината од леснотија на душата.
Прости!
И не вели не можам да простам.
Не дека не можеш туку не сакаш.
Не дека не можеш туку не го љубиш ближниот.
Прости!
И не вели ќе простам, но не заборавам.
Ако не заборавиш не си простил, а душата уште во јад и злоба ќе ти се труе.
Прости!
Или не застанувај пред Бога да ја изговориш Оче наш, оти низ неа од Бога бараш прошка и потврдуваш дека и ти проштеваш.
Прости!
Така ќе те познаат дека си Негов ученик и дека со право се нарекуваш Христијанин.
Прости!
И помоли се за оној кому си му простил за да прости и Господ Бог.
Прости!
И помоли се за оној кому си му згрешил.
Прости!
И простено ќе ти биде и на овој и на оној свет.
Простете ми и спомнете си и за мене во молитвите ваши!
Благословени да се великопосните денови што следат!

/Пимен – Митрополит Европски фејсбук статус

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *