Почетна Коментар Отец Пимен: Христос се роди и за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки
Отец Пимен: Христос се роди и за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки

Отец Пимен: Христос се роди и за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки

8.34K
3

Европскиот Митрополит. Г. Пимен им испрати честитка на свите пријатели на фејсбук. Еве што напиша, отец Пимен.

„Христос се роди!
Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани.
Христос се роди и стана човек за човекот да се обожи.
Христос се роди за да го измири Небото со земјата.
Христос се роди и за да се измири син со татка и со брат со брат.
Христос се роди за да го препознаеме Него во секое новороденче.
Христос се роди за да ни каже дека не мора на сила да го сакаме.
Христос се роди за да ни покаже дека ако го сакаме на сила тоа не е вера.
Христос се роди за сите и за сè! “

pimen-fb

Коментар(3)

  1. Ovoj, sto tuka go oslovuvate so otec, tuka go naveduvate kako vladika, a na mene po se ne mi lici nitu na nekoj skrusem otec ili negova smirenost vladika, tuku na nekoj si glumec ili licnost od svetot na estradata, osobeno so negovite termini vo muabetov , sto vi go rekol.

  2. Убаво рекол и напишал Дедото само зашто ВИЕ не ја
    објавите неговата профилна слика со капата на дедо Мраз???
    многу големи права си зема во свои раце – А ? требе времето
    во молитва да го минува а не на фејсбук да чита коментари!!!
    и да си праве салата со верните во Бога….

  3. Подобро сите сами да се погледнеме прво, после ако ни остане сила да судиме за другите.

Напиши одговор на Iskusenik Makarie Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *