Почетна Интервју Отец Пимен: „FBI ме држеше на нишан, мислеа дека сум терорист на Ал Каеда…“
Отец Пимен: „FBI ме држеше на нишан, мислеа дека сум терорист на Ал Каеда…“

Отец Пимен: „FBI ме држеше на нишан, мислеа дека сум терорист на Ал Каеда…“

641
2

Интернет магазинот „STORY.MK“ објави интервју со митрополитот Европски, г. Пимен во кое на специфичен начин Отец Пимен одговара на прашања поврзани со сите етикети кои му се лепат во јавноста.

Во продолжение интергалниот текст од „STORY.MK“.

Ако треба да се залепи една „етикета“, нему одлично би му прилегала онаа на „НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН ВЛАДИКА“. Му ја „залепивме“ лесно, ама ептен заслужено.

Отец Пимен е толку несекојдневен во изразот и пристапот, толку директен и прониклив во разговорите, што едвај падна одлуката – што од одговорите да влезе во наслов на ова интервју. Ни се чинеше дека скоро па секоја втора реченица е вредна за истакнување.

Избравме една со драматична природа. Сепак, не е такво целото интервју. Низ неговите редови ќе видите многу едноставност од чисто човечка димензија, купишта топлина и искреност, еден тон приземјеност кај човек кој иако е така познат и признат, сепак стои многу под облаците. Има срце­планина и е баш на земја! За story.mk Митрополитот Европски Пимен сподели…

„STORY.MK“: Што најмногу Ве радува, а што Ве вади од такт или едноставно Ве нервира деновиве?

О.ПИМЕН: Искрено кажано не знам дали повеќе ме вади од кожа спинувањето на вестите, измислувањето на непријатели во странците, но и во браќата свои, тоа што ја шириме прикаската дека сме библиски народ (затоа што спомнувањето во Библијата не е само чест, туку и обврска) како што Србите пред бомбардирањето беа небесен народ, тоа што политичарите стојат на страна глумејќи конструктивност и принципиелност за немешање во протестите, а што секаде вршат притисок за да се излезе на тие протести или тоа што народот сето тоа го голта без да си допровери информација. Сепак мислам дека најмногу ме нервира тоа што грешките ќе бидат на засегнатите поединци, а одговорноста ќе се дели колективно.

„STORY.MK“  Во мај ова година напишавте: „Ех времиња. Можеш да молчиш и никој нит да те знае, нит фамилија да ти спомнува. Можеш да крадеш и да ти се восхитуваат, а можеш и да искритикуваш криминал а да те судат за мешање во политика. Можеш и да блокираш и да избришеш коментари, ама тогаш нема демократија а ти се бориш за неа. Можеш да поддржуваш власт и одобруваш сè и да добиеш дел од колач, а можеш и да критикуваш и ништо да не добиеш ни од едните, ни од другите. Сепак најдобро е да имаш мирна совест и свое мислење па те пцуеле, те праќале во мајчина или надвор од политика или во ерес, да не ти даде никој ништо ама и да не должиш на никој…“ На ФБ просторот „зрачите“ баш силно! Потврдивте со фотка … Поради оригиналноста и проникливоста во Вашите постови на социјалните мрежи едни велат браво и Ви се поклонуваат, а други фрлаат камења по Вас низ коментари. Како ги чувствувате ударите од вториве?

О.ПИМЕН: Ако луѓето на времето пред два милениуми успеале на Христа да му најдат мана и вина (секако измислена) за да го распнат на крстот, тогаш што да очекува било кој грешен човек? Дека сите ќе го сакаат? Напротив, за нас Христијаните дури е и извесно тоа дека треба да очекуваме постојани напади согласно Христовите зборови: “Ако мене ме мразеа, знајте дека и вас светот ќе ве замрази”. Исто така од Христа имаме и заповед да ги љубиме и непријателите свои и да се молиме за нив. Па така ударите од сите оние кои плукаат, вреѓаат и ме осудуваат, некои дури и јавно се закануваат, ги доживувам евангелски како што светиот апостол Петар му одговара на Христа Бога на прашањето: “Петре, ме љубиш ли?” а Петар одговара:”Да Господи, Ти знаеш дека те љубам”, на што следува одговорот од Христа:”Паси ги овците мои.” Затоа само оној што има љубов да простува и да ги сака и непријателите свои го има благословот од Бога да биде верен пастир на стадото.

„STORY.MK“  Народот редовно ги става свештените лица во иста реченица со скапи автомобили. „Странски служби“ на okno.mk, ги ставија дури и на календар. Јасно е зошто луксузните „играчки“ бодат очи. Ви здодеа ли да одговарате на нападите и генерализирањата за возниот парк во свештените кругови воопшто?

О.ПИМЕН: Искрено здодева прашањето за автомобилите и обидите да ги рушиме тие стереотипи за свештенството, но сепак ќе повторам дека проблемот не го гледам во возниот парк колку што го гледам во барањето на оправдување на луѓето за да не мора да имаат вера во Бога, во црквата и свештенството за да немаат обврски. Ако портпарол на нашата црква ставиме некој свештеник од Мариовските села што можеби уште јава на магаре за да стигне во некои од селата кои немаат асфалтен пат, мислите дека тоа би променило нешто? Дека поради неговата скромност ќе се смилуваат полесно да го голтнат секој апел кој повикува на пост, молитва, почитување на ближните, смирување на страстите, опомените да се осуди криминалот и дека и нему не ќе му најдат мана? Сигурно дека не, бидејќи кој сака да си ја оправда мрзливоста за одење во црква, спремен е и најскромниот свештеник да го анатемиса за расипништво. Погледнете само колку тешко пробиваат информациите за народните кујни, за хуманитарните акции, за ресоцијализацијата на луѓето кои се лечат од зависности во Бигорскиот манастир и Водоча, за бесплатните групни крштевки и венчавки, а колку брзо и лесно се примаат спиновите за нашиот хедонизам, криминал и алчност.

Целото интервју прочитајте го на „STORY.MK“

Коментар(2)

  1. Во мојот град речиси нема членови на ВМРО ДПМНЕ на протестите „За заедничка Македонија“ (тоа е она што мене ме боли). А има голорак народ кој од чисто родољубие ги мери улиците секое попладне пуштајќи крик против срамното ропство кое подмолно му се заканува да му се наметне, и тоа од друговерци. Многу од тие луѓе се болни и изнемоштени, некои од нив одвај газат по улиците, со свиткани стапала, жално е да се гледа, говорите на говорниците се прости, неуки, но многу искрени, полни со болка и љубов за Татковината. Првите две седмици многу од луѓето што протестираат се обѕираа лево-десно и шепотеа меѓусебе дека се плашат од исходот, се плашат да бидат видени од СДСМ-овците кои ги прогонуваат на разни начини, па можеби еден ден и ќе надвладеат. Се зачудив колку ѓаволот успеал да им го наполни грбот со слама на моите сограѓани со сите издувни лаги со кои стигнал. Бидејќи одамна немав излезено на улица, се зачудив од таа мачна глетка: како да не беше тоа воздухот на нашата слободна Македонија којшто од раѓање го дишеме. Помислив: „Боже, кога не’ окупирале, а јас не сум дознала?“ Едно ретардирано момче (кое впрочем со голема ревност доаѓа во Црква, се труди молитвено да учествува во богослужбите и уредува славски трпези во блискиот манастир во кој нашата преподобна монахинка со полупрезир го брка наваму-натаму згрозена од неговото незнаење и недоветност да и’ угоди на критериумите за манастирско благолепие и нерасположена да соработува со неговата не толку воцрковена мајка која единствена се пријавила за славско кумство за да ги нахрани оние педесетина гости во чест на Светителот), тоа момче по неколку дена конечно подели ливчиња со симболот на иницијативата „За заедничка Македонија“, на што се израдувавме (од кутра збирштина и ние ќе заличиме на една протестирачка поворка барем малку). Многу ли е ако имаме и ние по некое свое ливченце, г. Пимен? Многу ли Ви пречи ако нашите кревки родољубиви протести се закитат со барем нешто од боите на Македонија? Луѓето исфрлија канти и канти боја врз нашите национални споменици, врз новите благолепни згради на врховните тела и институции на нашата мала земја којашто со своите најдобри сили се труди да им одолее на подмолните напади на многубројните непријатели – но тоа не Ви пречеше. Не: тука еден Владика, кој наводно се занимава со некакви Божествени светлини ни продава, и тоа долго-долго… магла за касата на насилниците од кои кај нас се’ уште на многумина им треперат вилиците. Ги нарекува „номинални христијани“ (т. е. незнајковци) своите најмали браќа по род и по вера веројатно без да помисли дека најголемиот број Свети Маченици во историјата на Православието излегоа, токму во вакви конфликтни времиња токму од номиналните христијани. И дека можеби нашата љубов, на воцрковените и „подостојните“ е таа недоволната заради која не можеме да ги сретнеме таму каде што посакуваме (во Божјите храмови ли?). Елитизмот Ви виси како опасен меч на главата… или се лажам?

  2. Ve molam vas novinarite na ,,ReligijaMK,, za edno bontonsko oslovuvanje na crkovnite velikodostoinstvenici. Vladika ne se oslovuva so otec ili dedo , tuku so preosveceni vokolku e episkop, a ako e mitropolit so visokopreosveceni, arhiepiskop – blazenjejsi ili svatejsi-ako e patrijarh. Ova vi go naveduvam oti ne e red na general da mu se obratis so- drugar vojnik , ili na minister na policijata so drugar policaec. Gledam deka seuste ne ste ja sovladale crkovnata terminologija(crkovniot bonton) i pored toa sto dolgo vreme na vasiov portal tretirate crkoven zivot i i crkovni licnosti. Pozdrav od Otec gresen Agapie

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *