Отец Партениј специјален гостин на премиерата на документарниот филм за Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Date:

Share post:

Епсикопот Антаниски, г. Партениј бил специјален гостин на Васеленската патријаршија на светската премиера на документарниот филм „Вселенскиот Патријарх Вартоломеј – триесет година служба“, што се одржа во Солун.

Отец Партениј бил поканет од претставникот на вселенската патријаршија во Солун, Епископот Никифор, кој му искажал и посебна чест да седи до него за време на премиерата, на која имало и други владици од Грчката црква и видни личности. Тој всушност е Претседател на Патријаршиската установа за Отечки истражувања и иницијатор за снимање на филмот, како Игумен на Патријаршискиот манастир на Влатадите во Солун.

Премиерата на документарниот филм беше во саботата на  18 декември, во киното Олимпион во Солун.

Проекцијата на филмот, се вбројува во серијата почесни манифестации кои имаат за цел да го претстават повеќестраното дело на Вселенскиот Патријарх, Неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Ι, за време на триесет години од неговото устоличување за Патријатрх, како и улогата на Вселенскиот Патријарх во современиот свет.

Домументарецот е реализиран од страна на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун и од Патријаршиската установа за Отечки истражувања.

Документарниот филм за Патријархот Вартоломеј се состои од сведоштва на многу значајни личности од меѓународната политика, на црковни и религиски светски водачи, како и на автобиографско интервју на самиот Патријарх.

-Накратко, во педесет минути, документарецот се обидува да го допре, макар и со врвот на прстите, животниот тек на Вселенскиот Патријарх во неговото триесетгодишно архиерејство на Константинополскиот престол“, изјави деканот на Теолошкиот факултет, г. Хризостом Стамулис.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here