Почетна Интервју Отец Оливер Петровски: „Свети Спас“: Постојано сме во потрага по нови донатори
Отец Оливер Петровски: „Свети Спас“: Постојано сме во потрага по нови донатори

Отец Оливер Петровски: „Свети Спас“: Постојано сме во потрага по нови донатори

406
0

Хуманитарната организација „Свети Спас“ (под покровителство на Македонската православна црква, работи од 2015 година) и со која раководи отец Оливер Петровски, е особено активна во доставувањето храна до социјално загрозените семејства. „Свети Спас“ не прима пари – но секој може да помогне со производи, главно во храна што не се расипува брзо, со средства за хигиена, со градежни материјали…Организацијата ги доставува пакетите до семејствата во континуитет, секој месец. За тоа каква е соработката со компаниите и што може да се подобри во иднина, InStore разговараше со отец Оливер….

Колку фирми донираат кај Вас, на годишно ниво? Што најчесто донираат?

Во моментов во нашата хуманитарна организација донираат 15-20 општествено одговорни фирми кои секој месец ни помагаат во остварување на нашата мисија. Додека на годишно ниво бројката достигнува и до 50 фирми. Тие ни помагаат со храна и хигиенски средства за социјално загрозените семејства кои се во нашата програма за континуирана помош.

Дали е тешко да се убедат компаниите на ваков вид донации? Дали забележувате промена во нивниот однос од првиот момент кога почна со работа „Свети Спас“, па досега?

Не би можел да кажам дали е тешко или не… тоа зависи од самите сопственици на фирмите. Ние постојано сме во потрага по нови донатори затоа што од тоа зависи на колку семејства ќе им помогнеме.

Нормално е дека на почетокот фирмите гледаат со сомнеж кон организација и постигнувањето на целта на самата мисија. Денес можеме да кажеме дека со фирмите кои се наши донатори сме пријатели и соработници во нашата борба против гладот во Македонија.

Се зголемува ли свеста, т.е. општествената одговорност на компаниите во поглед на донирањето храна и средства за хигиена?

Верувам дека се зголемува општествената одговорност кај фирмите, но, за жал, поради актуелната состојба со ковид-19, сѐ потешко е да се најдат нови фирми-донатори. Сметам дека фирмите сакаат да помагаат, но со моменталната економска состојба не се во можност да донираат. Верувам дека штом ќе се стабилизира целата оваа ситуација и штом фирмите ќе се стабилизираат економски, интересот за донирање ќе се зголеми.

Што најмногу им треба на граѓаните што се обраќаат кај Вас? Колку пакети делите месечно?

Нашите браќа и сестри најмногу ни се обраќаат со барања за помош во храна, заостанати сметки за струја и вода, но и за дрва за огрев. Од почетокот на годинава до денес во просек делиме по 320 пакети со храна и хигиенски средства, или над 7.000 кг месечно.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ОВОЈ ЛИНК INSTORE 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *