Почетна Вести Христијанство Отец Оливер ја враќа надежта кај луѓето
Отец Оливер ја враќа надежта кај луѓето

Отец Оливер ја враќа надежта кај луѓето

995
0

Некои го знаат како отецот кој помагаше по поплавите во скопско во август 2016 година, други по тоа што секој месец им носи храна на семејствата кои ја немаат, трети како човек кој се вклучува во разни хуманитарни акции… Отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“ ја враќа надежта кај луѓето кои ја изгубиле по патот удолу, пишува дневниот весник „Независен весник“.

Втемелена на идејата за хуманост, на личен труд и на ентузијазам, „Свети Спас“ во декември наполни две години од основањето во 2015 година. За тој период, за четири пати се зголеми бројот на корисници: од 20-30 семејства на почетокот, до сегашните 117 семејства кои секој месец дома добиваат храна и хигиенски производи. Во спокојот на црквата во Драчево, се одвиваат последните подготовки за акцијата „Подари пакетче – подари љубов“. Од денес, ден пред Божиќ, отец Оливер и неговите помошници ќе носат пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, на Детска клиника, во трите домови за деца без родители, во „Порака“ – Волково, во центрите за церебрална парализа и за аутизам….Планирани беа илјада, ама со пријави уште една компанија донатор со 400 пакетчиња и јасно е дека ќе има радост за повеќе деца.

Месечните производи содржат храна и средства за хигиена. Во нив има паштети, макарони, грав, ориз, супи, зејтин, главно производи што можат да стојат подолго време без да се расипат. Има и прашок за перење, сјај за садови, шампони…основни намирници кои можат да му го олеснат месечното преживување на семејство без пари, пишува во текстот.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *