Отец Никодим скокајќи од прозор се спасил од пожар
403
0
Отец Никодим Солунчев скокајќи од прозор од првиот кат успеал да се спаси од пожарот кој ноќеска избувнал во објект во состав на црквата „Свети Никола“ во Престон- Мелбурн, Австралија.
Повредени нема, но според проценкте, штета е околу 100.000 долари.
Според против пожарната служба во Мелбурн, која веднаш интервенирала, причина најверојатно е електрилна инсталација. Пожарот се појавил кај таблата за елчектрична енергија.
Црквата „Свети Никола“ е една од најголемите во Мелбурн и е дел од епархијата со која раковорди Митрополитот Петар. Тој веќе една недела е во канонска посета на Епархијата и утрово исто така бил во посета на опожарениот објект.