Почетна Вести Отец Никодим, ќе мора на суд на 20 септември
Отец Никодим, ќе мора на суд на 20 септември

Отец Никодим, ќе мора на суд на 20 септември

849
1

Ако не може македонската црква и македонската заедница да го среди деценискиот раскол меѓу верниците во Австралиско-новозеландската епархија, изгледа австралиската полиција ги зема работите во свои раце. Пред два дена на распит во полициска станица во Мелбурн беше владиката Петар, а за 20 септември во својство на обвинет во Основниот суд на Викторија треба да се појави Никодим Солунчев, пишува интернет порталот, „МКД.МК“

mkdОфицијални информации нема, меѓутоа и овој судски случај е дел од расколот на МПЦ во Австралија во која главната улога ја има владиката Петар.

Сѐ почна откако игуменот Гаврил во австралиската епархија почна да станува сѐ популарен и повлијателен меѓу македонските верници. Стана пример и гордост на македонската заедница во Австралија. Не случајно токму отец Гаврил лани во јануари од министерот за одбрана на Австралија Кевин Ендрјус ја доби наградата Ден на Австралија за неговата севкупна работа во оваа држава. Работата на Гаврил Галев, игумен во македонскиот православен манастир Св. Прохор Пчињски во Донибрук, беше спомната и во официјалниот говор на премиерот на Австралија Тони Абот.

Тоа за владиката Петар беше доволно да го прати во црковен притвор и да го обвини за малверзации со пари. Првиот човек на Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ-ОА реши на свештеникот кој ги полнеше македонските цркви во Австралија да му забрани комуникација со верниците.

За негова замена во Австралија е пратен отец Никодим Солунчев. Откако е дојден Никодим настанала некаква нелегална ситуација во однос на поштата за Гаврил, потписи на некои документи и сомневање за финансиски малверзации. Тоа е конфликтот меѓу Гаврил и Никодим, за кој владиката Петар изјави дека се работело за меѓусебна клевета, а тој бил повикан да сведочи. Очигледно не е така.

Неофицијалните информации велат дека Никодим во полиција, без адвокат, дал изјава дека сето тоа го правел по налог на владиката. Петар за тоа бил повикан во полиција и во февруари (кога го избегнал распитот во полициска станица итно враќајќи се од Австралија во Македонија). Актуелниот негов престој во Австралија не остана незабележан од австралиската полиција.

mkd slika nikodim 2Во јануари годинава монахот Никодим еднаш веќе бил во полициска станица по пожарите во неколку македонски цркви во Австралија.

Судијата му препорача на Никодим на 20 септември да се појави со бранител. Неофицијално, Никодим не ја променил изјавата за тоа дека сѐ што правел во австралиската епархија правел по налог на неговиот претпоставен, владиката Петар.

„Во еден момент добив закана од свештеник при нашата епархија дека тука сум направил свое царство кое тие ќе ми го срушеле. Оттука па натаму работите тргнаа наопаку, без притоа да има некаква посебна причина“, изјави лани отец Гаврил.

/МКД.МК

Коментар(1)

  1. Vladikata Petar e pravikot primer ns mal covek, a golemo zlo. Na nego mu se potrebni dobri olizici i podopasnici, a ne dobri svestenici.Toj e svesteno lice vo svestena odora, sotonski guh i sotonsko deluanje. Toj e najgolemiot protivnik i progonitel na MPC. Kolku svestenici toj izbrka od MPC, a prviot e za isteruvanje od MPC. Prsv idiot

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *