950
0
Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј на 24 јули 2016 година, го освети новиот храм „Вознесение Христово“ во село Локов во Струга.
Градбата на Храмот почна во 2010 година по иницијатива на локалното население. Изграден е со донациите на сите локовчани, како и со помош на верници од пошироката околина и од дијаспората.
По осветувањето надлежниот Митрополит ја отслужи и првата Литургија.