Почетна Вести Европа Остро предупредување на Рускиот Патријарх до Вартоломеј. Соборот на Крит уште понеизвесен!
Остро предупредување на Рускиот Патријарх до Вартоломеј. Соборот на Крит уште понеизвесен!

Остро предупредување на Рускиот Патријарх до Вартоломеј. Соборот на Крит уште понеизвесен!

366
0

Одлуката на Синодот на Бугарската православна црква да бара одложување на Сеправославниот собор и да го откаже своето учество на историскиот настан на Крит за две недели е во корелација со Руската православна црква.

Еден ден претходно Рускиот патријарх, Кирил испратил остро предупредувачко писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое го обвинува дека од Сеправосалвниот собор, сака да направи „Екуменистички“ Собор, што е недозволиво и неприфатливо за Руската православна црква. Текстот на писмото го објави, грчкиот весник „То Вима“, посочувајќи дека Московскиот патријарх е дециден дека доколку не се отстранат недостатоците во протоколарниот дел од одржувањето на Соборот, Руската црковна делегација и тој како нејзин Поглавар нема да учествуваат на Соборот закажан за 16 јуни оваа година на Крит.

Еден ден подоцна, Синодот на Бугарската православна црква ги наведува истите причини за кои што и Патријархот Кирил зборува во писмото, како основа поради која мора да се одложи Соборот, ултимативно посочувајќи дека БПЦ нема да учествува на него.

Најмоќниот поглавар меѓу Православните цркви, Кирил му пишува на Вартоломеј дека има сериозни пропусти во организацискиот и протоколарен дел на Соборот, кои драстично отстапуваат од договорените работи на подготвителните средни.

vselenskia sobor 1Една од сериозните забелешки на Кирил е распоредот на седење кој бил предвиден за работата на Соборот затоа што драстично ја нарушува сликата на единството на Соборот.

-Тоа кое може да се види во предложената шема се разликува драстично од договореното на средбите на поглаварите и на она што можеме да го видиме на Вселенските собори. Тоа ја нарушува генералната слика на Соборот. Предложениот распоред не одговара на нашата православна еклисиологија и е многу опасно се приближува до римокатоличките примери, пишува Рускиот патријарх во писмото до Вартоломеј.

Втората сериозна забелешка на Руската цркав е гостинскиот протокол, односно местото каде ќе бидат сместени гостите кои не се од Православната вера.

vselenska sobpr 3-За инославните набљудувачи се предвидуваат официјални места зад Поглаварите. Тоа ќе овозможи Соборот да биде оценет од верниците токму така што сега се претставува и поради што и протестираат против него, како „Екуменистички“, а не како Православен. Затоа сметам дека гостите од инославните цркви (христијани кои не се Православни н.з. ) треба да седат на растојание од членовите на Соборот, така што нема да влегуваат во објективот и нема да бидат дел од сликата на Соборот, му пишува Рускиот патријарх Кирил на Вартоломеј.

Руската православна црква исто така се противи и на финансиските расходи и обврската што треба секоја Православна Црква да ги одвои за заедничкиот буџет.

Ова писмо на Патријархот Кирил најверојатно е испратено како цирклуларно и до останатите поглавари на помесните православни Цркви. Тоа може да се заклучи од делот во кој Кирил пишува дека очекува сите Патријарси и Архиепископи да заземат став за овие прашања.

Првичните неофицијални коментари од Вселенската патријаршија за писмото на Кирил се дека тоа писмо било примено со сериозна вознемиреност и предизвикало вонредна состојба. Сепак членовите на комисијата за организација сметаат дека нема потреба од стравување и дека проблемите ќе се решат.

Сепак засега нема официјален коментар, ниту за писмото на Рускиот патријарх, ниту пак за одлуката на Синодот на БПЦ.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *