Почетна Вести Ослободителна пресуда за Игуменот сите обвинети во скандалот што ја урна владата на Караманлис
Ослободителна пресуда за Игуменот сите обвинети во скандалот што ја урна владата на Караманлис

Ослободителна пресуда за Игуменот сите обвинети во скандалот што ја урна владата на Караманлис

485
0

Еден од најголемите скандали во Грција во изминатите 9 години, по 2 годишен судски процес заврши со ослободителна пресуда за сите обвинети.

Скандалот откриен во 2008 ја урна владата на Караманлис, предизвика бура реакции во Грција, а обвинето се однесуваше на размена на земјиште меѓу државата и манастирот со учество на офшор компании. Со аплауз, олеснување и задоволство беше пречекана судската пресуда со која сите 14 обвинети се ослободени, а со тоа се става крај на речиси 10 годишниот таканаречен скандал Ватопеди кој ја тресеше Грција по обвинувањата дека постоела незаконска размена на земјиште меѓу манастирот од Света гора и државата по индиректен пат, со конкретни офшор компании со што за стотици милиони евра била оштетена државата.

vatoped 1Судскиот процес траеше 2 години, а на обвинителната клупа седнаа поранешен генерален секретар во министерството за земјоделство, поранешниот директор на катастарот, нотар, адвокати, еден монах и игуменот Ефрем од манастирот.

„Среќен исход на случајот. Им благодариме на Господ и на Богородица за среќниот исход на случајот. Им благодариме на сите што беа со нас, на народот, на црквата.“ – рече игуменот Ефрем од манастирот Ватопеди на Света гора, само неколку минути откако беше соопштена пресудата.

Игуменот Ефрем уште на почетокот тврдеше дека е невин, а на едно од првите рочишта во својата одбрана рече дека можеби е грешник, но не и измамник.

Скандалот кој беше откриен во 2008, за време на владата на Караманлис, беше една од причините тогашниот премиер да распише предвремени избори, неколку високи функционери на неговата партија да си поднесат оставка и да се спроведат 3 истражни комисии во грчкиот парламент.

/КАНАЛ5

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *