Почетна Политичка теологија „Опус деи“ плати милион долари отштета поради свештеникот сексуален напаѓач
„Опус деи“ плати милион долари отштета поради свештеникот сексуален  напаѓач

„Опус деи“ плати милион долари отштета поради свештеникот сексуален напаѓач

65
0

Меѓународното конзервативно католичко друштво „Опус деи“ плати милион долари отштета, како дел од спогодбата околу тужбата за сексуална злоупотреба против католичкиот свештеник Џон Меклоски.

Овој свештеник од САД е познат по подготовка на истакнати конзервативни политичари за преобратување во католицизам – поранешниот претседател на Долниот дом на Конгресот Њут Гингрич, како и директорот на Националниот економски совет во администрацијата на Доналд Трамп, Лари Kудлоу и поранешниот сенатор и гувернер на Канзас, Ист Браунбек.

Жената која го тужи Меклоски е католичка од подрачјето на Вашингтон, а која одеше кај свештеникот на пасторално советување во Католичкиот информативен центар во главниот град на САД. Свештеникот повеќепати ја допирал, изјави таа за „Вашингтон пост“, и тоа додека одела кај него на советување поради нејзините брачни проблеми и тешката депресија од која страдала.

Сепак, тужбата и спогодбата останаа тајни сè додека „Опус деи“ не ги објави во понеделникот, и тоа на барање на жртвата која на овој начин сакаше да допре до другите потенцијални жртви на свештеникот сексуален напаѓач. Во меѓувреме, Меклоски не беше отстранет од свештеничката служба, но неговите овластувања беа значително намалени, па многумина во Вашингтон, каде што имаа статус на еден вид католичка слава, се прашуваа што му се случило.

Интересно е што на Јутјуб исто така може да се најдат низа видеа во кои отецот Меклоски дава совети за романтични врски.

Портпаролот на „Опус деи“, Брајан Финерти рече дека уште една жена се пожалила „дека тој (Меклоски) ја гушкал”. Меѓутоа, тој откри дека „Опус деи“ ја истражува и третата, потенцијално „сериозна” пријава. Тој не сакаше да ги открие деталите, но рече дека жената можеби „исто така била подложена на малтретирање од страна на Меклоски”.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *