
Општинското собрание на Цетиње ја поддржа граѓанската иницијатива за враќање на манастирот Цетиње во сопственост на Црногорската православна црква (ЦПЦ). Пред неколку дена, клубовите на советниците се договорија за заклучок во кој ја поддржаа иницијативата, а вчера ја изгласаа.
Катастарската управа претходно го отфрли барањето на црногорско- приморската митрополија на Српската православна црква за бришење на градот Цетиње од листата на недвижности како носител на правата на сопственост врз манастирот Цетиње.
Како што е наведено во одлуката, барањето за „исправување на погрешно регистрираното право на сопственост“ врз неколку недвижности е одбиено како неосновано, а манастирот Цетиње, односно Митрополијата, да биде регистрирана како сопственик на тие недвижности.
Владата на Црна Гора претходно одлучи, без одржување седница, да го запише манастирот Цетиње во државата Црна Гора, наместо Цетиње како носител на правата на сопственост.
Манастирот Цетиње е формално легално во сопственост на општината Цетиње, додека црногорско приморската митрополијакако дел на Српската православна црква тврдат дека и припаѓаат. и дека манастирот е нејзина своина