Почетна Анализа Оние кои кај Понтиј Пилат го избраа Бараба, денес го бранат Христијанството од Апостолите
Оние кои кај Понтиј Пилат го избраа Бараба, денес го бранат Христијанството од Апостолите

Оние кои кај Понтиј Пилат го избраа Бараба, денес го бранат Христијанството од Апостолите

955
0

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, не штедел зборови кога го „везел“ последното интервју за „Српски печат“. Ред по ред, збор по збор, скроил романтичарско четиво за гоење на националистичкото его на великосрпската идеологија, со која веројатно навечер заспива, а наутро се буди.

Тоа што треба да биде некакво Божикно интервју,  а во кое најмалку има христијанска и еванглеска поука, повеќе личи на предвоен политички памфлет во кој треба да се одбрани православното српство од злите светски сили кои решиле да го уништат.  Секако главен лик кој ја игра таа улога е Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој се здружил со опасните Американци и решиле да го уништат целото православие, но затоа тука е Иринеј и СПЦ, заедно со Москва за да го спасат. Битката секако е да се спаси Православието од етнофелитизмот, што го проповедал Вартоломеј.  Каков  парадокс. Сонувачите на големодржавните идеи и национализам обвинуваат други за етнофилитизам… Или преведено на разбирлив јазик, „оние што во дворот на Понтиј Пилат го избраа Бараба, денес го бранат Христијанството од Апостолите.

Но нејсе… Што вели Буловиќ.

Добро е што творецот на сите смутови во СПЦ, признава дека расколот за кој упорно се држи во случајот со Македонија, а и со Украина, не е догматски или црковен. На тој начин јасно признава дека МПЦ и Украинската црква не се еретици и расколници во црковна смисла. Убаво од него е ваквото признание. Расколот бил од природа на етнофелитизам, или како што вели некои делови од помесните Цркви, сакале „да се пошто-пото  домогне пуне црквене самосталности или аутокефалије на основу националних разлика или стицања државног статуса“. Значи гревот на МПЦ и на ПУЦ  е што во своја држава, Македонија и Украина, со свој народ Македонски и Украински, сакале да имаат своја црковна структура. Значи по логиката на Буловиќ, етнофилитизам е кога водејќи се по каноните, некој сака да го спроведува Апостолското правило 34: „Епископите на секој народ треба да го познаваат првиот помеѓу себеси, когошто ќе го признаваат како глава“. Грев секако има и Вартоломеј, кој веројатно е единствен свесен во Православието дека проблемите не можат вечно да се туркаат под тепих, со цел да се задоволуваат суетитет на некои црковни националистички кригови, затоа што со децении тие структурни се немоќни да најдат решение во сопствените дворови.

Но, дали е тоа проблемот. Секако не… Буловиќ многу добро знае дека православната црква, за разлика од Католичката, е структурана на помесни цркви кои се градат на принципот држава-народ-црква. За Буловиќ нешто друго е спорно, а тоа е немоќта да ја прифати реалноста дека Македонија не е српска-црковна „задужбина“. Па затоа малку подоцна во истото интервју тоа и ќе го признае, споредувајќи ја Македонија како подеднакво света српска земја како и Косово и Метохија. „Положај Цркве у Северној Македонији није мање сложен и тежак. И то подручје је засејано немањићким задужбинама, скоро колико и Косово са Метохијом“,  вели Буловиќ…

Каков крај… Христос се роди…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *