Почетна Коментар Омразата не може да биде ничиј, а најмалку црковен аргумент
Омразата не може да биде ничиј, а најмалку црковен аргумент

Омразата не може да биде ничиј, а најмалку црковен аргумент

622
5

Минатата недела се случил инцидент на гробиштата во Ѓорче Петорв, кој во основа ја отсликува чудната македонска реалност, на моменти толку нереална што наликува на пекол.

Во кратки црти станува збор за немил настан, поврзан со трагичен настан на една фамилија. Среќа, ако може така да се дефинира, е што во пиказната е вмешан и новинар, наш колега, па таа приказна добива пошироки размери кои ги откриваат аномалиите на ова исфрустрирано општество.

Фамилијата чиј покојник се припадници на ПОА, црквата на Јован Вранишковски, но на погребот, во случајот на дедото на колегата новинар, од некои чудни причини морале да ангажираат свештеник на МПЦ-ОА. (подолу во текстот има и објаснување на коелгата како се случил настанот).

Овој коментар е наменет за отрезнување на сите заблудени.

Откако ја прочитав веста, се обидов да разберам за што точно се работи. Добив разни одговори, но во основа многу малку од нив беа темелени на некаква христијанска основа, но она што е сосема сигурно, а за  што успеав да се осигурам дека и покрај жолчните и остри поделби меѓу ПОА и МПЦ-ОА, постои некаква, непишана, основна христијанска љубов кога станува збор за последниот ден од нечиј живот на оваа планета. Да бидам попрецизен административните црковни поделби формално не се рефлектираат во ситуации кога треба некој да занине во вечното почивалиште. Тоа значи, на тој ден замолкнува поделбата, а зборува Христос, онака и преку некој, за кој семејството, индивидуата посакал, или посакува да зборува. Да бидам искрен, тоа стопроценти се поклопува со моите сфаќања за религијата, која е индивидуална перцепција на личноста со сопствениот Бог.

Но, да се вратиме на случајот, кој за жал се развил во погрешен правец.

Гробиштата не се ничија верска сопственост, туку место каде сите еден ден ќе завршиме. Таму може да има покојници на една, или друга црква, на една или друга верска заеница, или пак покојници кои не се дел од ниту една верска определба и тука нема и не може да има никаква доминација по верска основа.

Но, во случајов, по некои разни околности, свештеник на МПЦ-ОА, посакал да биде доминантен во некоја семејна трагедија. Иако, можеи најмал проблем е неговата желба за доминација, сепак таа е основата за понатмошните грешки во чекори, кои резултирале со недоличен однос на едно свештено лице.

МПЦ-ОА, во случајов Скопската епархија, мора да утврди одговорност на свештеникот, но она што е поважно е што и овој, а и сите други свештеници треба да разберат дека со „шамари“, со навреди и со ваков однос не се брани, ниту се одбранува вистината за МПЦ-ОА. Тоа не е пример кој води кон некакво чување и одбрана на МПЦ-ОА, туку напротив, тоа е само аргумент повеќе против истата таа црква.

Автокефалноста на МПЦ-ОА не се добива и не се брани со омраза, таа се стекнува, како и што досега се стекнувала со христијанска љубов токму кон оние кои се надвор од нејзе и кои нејзината самобитност ја оспорувале. Не постои поглавар на МПЦ-ОА кој во изминативе 60 тина години одбил, или не го спомнал името на српскиот патријарх во молитвите и покрај тоа што токму СПЦ е таа која со децении ја негира таа самобитност на МПЦ. Тоа е пример од кој треба да учат свештениците на МПЦ-ОА.

Во тој контекст е и поддршката кон колегата, со кого имаме дијаметрано различни позиции и погледи за ова црковно прашање, но една работа мораме да научиме. Христос подеднакво е тука за сите нас, без разлика дали административно сме на едната, или на другата страна. Дебатите за вистината ќе продолжат, но спокојот на починатите мора да биде мир за иднината на единството кое некогаш ќе се случи.

Во продолжение и реакцијата на ЗНМ за овој настан.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осуди најновите два инцидента конжж новинарите, меѓу кои и на новинарот на Плусинфо Мартин Богатиноски, кој беше вербално нападнат од свештеник на МПЦ-ОА на погреб на неговиот дедо.

„Освен јавна осуда на овие инциденти, ЗНМ и СЕММ бараат да има и формално проследување на настаните од страна на одговорните институции и службените лица. Истовремено, очекуваме и дека МПЦ-ОА ќе се огради од неодговорните настапи на поединци кои се дел од МПЦ-ОА, и воедно ќе им укаже дека односот кон јавноста мора да биде проследен со одговорен, а не насилнички пристап, секогаш, па дури и кога не се согласуваат со ставовите на новинарите и на граѓаните“, се наведува во реакцијата на ЗНМ и СЕММ.

„Новинарот Мартин Богатиноски од Плусинфо посведочи дека бил предмет на вербален атак од страна на свештено лице на МПЦ-ОА. Според колегата Богатиновски, на погребот на негово блиско лице од семејството, имало инцидент од страна на присутниот поп, кој вербално го омаловажувал новинарот на Плусинфо поради претходно објавени текстови во врска со МПЦ-ОА. Во укажувањата од колегата Богатиновски се вели дека инцидентот се случил откако новинарот побарал објаснување од попот, зошто не е дозволено свештеник од Православната охридска архиепископија (ПОА) да учествува на верскиот чин на погребот“, се наведува во реакцијата на ЗНМ и СЕММ.

– Попот многу се вознемири кога слушна каде работам, па веднаш ме нападна дека ние новинарите од Плусинфо сме задртени новинари, што и да му значеше тоа. Потоа, рече дека сме предавници, неверници и продадени души, наведувајќи колку му пречи тоа што на Плусинфо се објавувале бројни текстови против МПЦ-ОА – сведочеше Богатиноски.

„Денеска, колегата Богатиноски на неговиот профил на социјалните медиуми укажа дека истиот Свештеник телефонски се јавил на неговите родители по што заканите продолжиле“, додаваат од новинарските здруженија.

-Свештеникот од МПЦ-ОА, кој пред некој ден ме навредуваше на погребот на мојот дедо, овојпат реши да ги вознемирува моите родители. Утрово им се јавил на телефон и им се заканил дека работата нема да остане така. Им рекол и дека синот и таквите како него се предавници, и дека се против Македонија, и дека Грците им даваат бесплатно да пазарат од Веро.

Овојпат ќе му простам и јас, ќе му прости и моето семејство, и таквите како мене. Но, само уште еднаш ако се јави и ги вознемирува моите родители со будалаштини, принуден ќе сум да го пријавам во МВР. А тој, ако има какви било докази за неговите тврдења, слободно нека тужи.

Во меѓувреме, за случајот информирани се Амбасадорот на САД, Амбасадорот на Франција, Амбасадорот на Холандија, Амбасадорот на Германија, ОБСЕ и ЕУ, вели Богатиновски.

Пишува: Марјан Николовски 

Коментар(5)

  1. Марјан

    Тебе не те напушта потребата да креираш сензационалистички наслови само за да привлечеш внимание и читаност!

    1. Зошто употребуваш термин – омраза?!

    2. Твојот коментар е едностран и поттикнат од желбата да се прикажеш колегијален ;

    Со заземање одбранбен став кон твојот колега само затоа што сте новинари, воопшто не се разликуваш од свештеникот кој истото го сторил, застанал на страна на , еве условно да кажам, странката на која припаѓа.

    Со тоа што твојот напис далеку е од аргументиран и издржан, туку е пристрасен и едностран.

    Да сакаше да бидеш објективен и непристрасен,како личност пред се, а потоа и како новинар, ќе ја ислушаше и другата страна, односно ќе се обидеше да оствариш контакт и со споменатиот свештеник.
    Зарем ти не знаеш дека за кавга се потребни двајца?
    Зарем новинарската етика ти дозволува да пишуваш такви сензационални наслови со тешка терминологија, без да направиш увид на двете страни! ?
    Зарем ти како новинар си дозволуваш да судиш некому и тоа ни повеќе ни помалку туку за омраза без да го ислушаш?

    Зарем ти кој водиш сајт со наслов религија не си ги читал словата дека уште пред 2000 години , фариесеите рекле: зарем нашиот закон обвинува некој пред да го сослуша?

    А тек во 21 век , ти како млад и условно кажано докажан новинар, не само што си дозволуваш да коментираш настан на кој не си бил сведок, не си го интервјуирал еден од учесниците, туку ладнокрвно импутираш наслов опишувајќи го емотивното чувство на еден од учесниците во настанот, без при тоа 2 реда муабет да направиш со него;
    Таквиот пристап е карактеристичен за адвокат а не за новинар кој себе си се доживува и презентира за модерен и непристрасен , а всушност го потврдуваш спротивнот- пристрасност кон професијата!
    Адвокатот може да го разбереме, тоа му е во опис на работно место.
    Ама тебе -тешко!
    Можеби е време да си повториш некои теоретски основи на професијата.
    Додека пак дрзнувањето делење совети што треба да прави Скопска епархија, нема потреба да се коментира.
    Впрочем и не е прв пат на овој сајт аматери да пишуваат за обврските на црковната ерархија.

    Во недостаток на критички настроени читатели ,новинарите си дозволуваат да пишуваат се што ќе им падне на памет.
    ***
    Така ли е редот? И ЗНМ без да испита ситуација по инерција на нештата по секоја цена да застане на страна на свој член?

    Во тој случај се дава многу лош пример ;
    По истата таа инерција давате право и МПЦ ОА , односно Скопска Епархија да застане на страна на својот член.

  2. Na 29-08-1996 koga se slucci tragedijata vo manastirot Sveta Bogorodica vo Berovo nadlezzen ne podnese ostavka nitu beshe razreshen od povisoka instanca zaradi upatenost ili neupatenost za pomestuvanje na praznikot Uspenie na Presveta Bogorodica.Toa beshe znak na kakva neodgovornost ke se gradi MPC-OA , pa i cela drzzava kako slika na MPC-OAInaku odgovornost osven od ,,opashkata”se bara i od ,,glavata”

  3. Марјан утрово ти напишав коментар на текстот, но ти не го објавуваш;
    Ако важно ми е дека си го прочитал.
    И најверојатно сфати дека ти е избрзан текст.
    Уште еднаш, новинарите не се нечии адвокати да фаќаат страна; не им доликува;
    Новинарите треба да бидат непристрасни и објективни па и кога се работи за колега;
    Новинарите треба да ги испитаат двете страни и сите аргументи.
    Да си здрав и жив.
    Човек се учи до крајот на животот.

  4. Da, ovoj tekst sodrzhi svedochenje samo na edna strana.
    Novinarot koj go napishal tekstot, pishuva samo vrz osnova na svedochenej na edna strana, i toa negov kolega.
    Mnogu podobro ke napravel ako ja islushal i drugata strana, odnosno da se chue shto ima da kazhe sveshtenikot.

    Pa i naslovot! Gi karaketrizira emociite na nekoj chovek vrz osnova na kazhivanje na drug, odnosno svoj kolega.
    Pishuva za nastan za koj ne bil svedok!
    Airlija rabota, vo prashanje e kredibilitetot na novinarot koj go napishal tekstov , vsushnost.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *