Почетна Вести ОМД: Мајка Тереза – симбол за единство во Македонија
ОМД: Мајка Тереза – симбол за единство во Македонија

ОМД: Мајка Тереза – симбол за единство во Македонија

148
0

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека 4 септември 2016 ќе биде историски ден за македонскиот народ, а Мајка Тереза – меѓу најголемите симболи на единство во Македонија и личност на која граѓаните од сите етнички заедници се исклучително горди.

United-Macedonian-Diaspora– Мајка Тереза со право се смета за една од најголемите личности родени на македонска почва во историјата. Мајка Тереза станала тоа што станала во голема мера поради своето детство во Македонија. Таа пораснала во вистинско меѓуверско општество, на неколку метри од неа имало македонска православна црква, муслиманска џамија, римокатоличка црква и еврејска синагога, изјави претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Во соопштението ОМД се осврнува на животот и мисионерската работа на најпознатата скопјанка во светот, која животот го посветила помагајќи им на болните, сиромашните и осамените во Калкута, Индија, каде што почина на 87 години на утрешен датум (5 септември 1997).

За својата хумана работа Мајка Тереза во 1979 доби Нобелова награда за мир. Во 2003 беше прогласена за блажена, а денеска на церемонија во Ватикан папата Франциск ја прогласи за светица.

/МИА

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *