Почетна Вести Ислам Охриѓани револтирани зошто Алаѓозовски ветил, но не ја стопирал изградбата на џамијата
Охриѓани револтирани зошто Алаѓозовски ветил, но не ја стопирал изградбата на џамијата

Охриѓани револтирани зошто Алаѓозовски ветил, но не ја стопирал изградбата на џамијата

58
0

Здружениото на граѓани „Совест“ за среда во Охрид најави прес конференција на која ќе побара конечно стопирање на изградбата на Али Пашината џамија, а доколку власта не преземе мерки ќе поднесуваат кривични пријави.

– И покрај сите наши укажувања, надлежните институции инволвирани во нелегалните градежни работи на и околу Али пашината џамија во Охрид, продолжуваат со својот молк и не преземање на соодветни акции и стануваат соучеснци во опасни криминални активности. Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни работи, а за нив нема дозвола од ниедна институција.

Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека министерството ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презеде тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици, посочуваат од “Совест“.

Здружението „Совест“ веќе не верува на непоткрепени и неисполнети ветувања и затоа ќе поднесеме соодветни кривични пријави.

Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно – инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија, велат од „Совест“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *