Почетна Вести Ислам Охриѓани бараат стопирање на изградбата на џамијата

Охриѓани бараат стопирање на изградбата на џамијата

167
0

По неколку месеци укажувања, охриѓани велат дека Али-пашината џамија, која се наоѓа во охридската чаршија, не може да се реставрира, а истовремено и конзервира бидејќи тоа не е согласно со законските прописи.

Укажувањата на граѓаните од Охрид се дека Али-пашината џамија е изградена на темели од црква. Бидејќи никој не ги слушна нивните укажувања да прекинат градежните работи, тие решија да поднесат кривични пријави против раководни лица од градежниот инспекторат, Управата за културно заштитно наследство и други лица со цел надлежните институции да ги побараат, како што велат, нелегалните активности.

Здружението на граѓани „Совест“ вели дека доградбата се врши без одобрение за градба, а институциите замижуваат пред овие неправилности.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *