Почетна Коментар Охридска Архиепископија како идентификација за нашата МПЦ
Охридска Архиепископија како идентификација за нашата МПЦ

Охридска Архиепископија како идентификација за нашата МПЦ

364
11

Последнава не цела година, после подолг период на инертност, Синодот на МПЦ – ОА реши да преземе иницијатива во правец на решавање на повеќедеценискиот црковен спор во врска со канонскиот статус на нашата православна црква. Повикувајќи се на историјата која заеднички ја споделуваме со БПЦ првиот чекор беше насочен кон барање Синодот во Софија да се заложи во процесот на признавање на автокефалниот статус на МПЦ – ОА од страна на другите помесни православни цркви. Следеше прифаќање на подадената рака и веднаш БПЦ формира комисија со задача да најде решение во правец на признавањето на нашата автокефалност сред православната екумена.

Она што сите непријатно нé изненади беше однесувањето и изјавите на некои бугарски архиереи. Тие, и покрај добрата волја на бугарскиот патријарх и најголемиот дел од јерархијата на БПЦ, вклучително и бугарската општествена јавност, сепак, најверојатно под силен притисок на руски и српски црковни и безбедносни фактори заиграа на картата на еден анахрон и за 21. век неразбирлив национализам. Преку ноќ почнаа да даваат изјави во кои тврдеа дека Охридската Архиепископија е ексклузивен дел од бугарската историја и дека само БПЦ може да биде нејзин наследник. Притоа го премолчеа добро познатиот факт дека извесен историски период на териториите на денешна Македонија и Бугарија сопостоеле паралелно две автокефални цркви – Охридската Архиепископија и Трновската Патријаршија (1235 – 1416). Истите коегзирирале повеќе од 180 години без да се мешаат во своите јурисдикции.

Она што исто така е неоспорен факт е дека македонското православно население е единственото кое речиси веднаш по укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. започна да бара нејзина обнова. Историските околности беа такви што овие барања вродија со плод дури во 1958 година. Тогаш на Вториот црковно – народен собор одржан во Охрид донесено е решение за возобновување на Охридската архиепископија олицетворена во Македонската православна црква. Во овој контекст се прашуваме дали е нужно да потсетиме дека целата територија на денешната Р Македонија, вклучително и црковното седиште Охрид биле дел од древната Охридска Архиепископија.

Имајќи го предвид кажаното, изјавите на некои од бугарските архиереи не можат да се протолкуваат никако поинаку освен дека станува збор за набрзина смислена пропаганда со цел да се предизвика раздор помеѓу нашите блиски народи, Македонскиот и Бугарскиот. Притоа никој нема право да не обвинува дека имаме црква само од пред педесетина години бидејќи сите соседни помесни цркви имаат прекин на својот континуитет од средновековието. Неоспорен факт е дека извесен историски период црковната јурисдикција на целиот Балкан ја имала Вселенската Патријаршија.

Оттука сосема разбирливи беа изјавите и интервјуата на некои наши духовници кои навестија дека сепак конечната адреса за решавање на македонското црковно прашање треба да се бара во Константинопол, а дека Бугарската црква е само посредник за патот дотаму – нешто што навистина се случи. За потсетување е средбата на група млади богослови од Македонија со Вселенскиот патријарх. За време на истата патријархот изјави дека Вселенската патријаршија е таа која на крајот треба да го реши прашањето за канонскиот статус на МПЦ – ОА. Во истата изјава патријархот потсети дека Вселенската патријаршија е всушност прва меѓу еднаквите и оттука мајка – црква на сите помесни цркви на Балканот и пошироко, кои во одреден историски период биле дел од византискиот комонвелт. Следејќи го развојот на настаните, Синодот на МПЦ – ОА и Премиерот на Р Македонија, во меѓусебна координација, следејќи ги востановените црковно – дипломатски протоколи испратија писма до вселенскиот патријарх во кои бараат да се заложи за решавање на несогласувањата околу автокефалниот статус на нашата црква. Не се чекаше долго на одговорот. Вселенската патријаршија реши да го отвори македонското црковно прашање и да го стави на маса. За прв пат после 1967 г., Вселенскиот патријарх (кој да не заборавиме, сепак е прв меѓу еднаквите) одлучи да ги преземе потребните чекори за решавање на нашиот црковен статус. Притоа во соопштението за јавност патријархот оваа своја одлука ја темели на „неприкосновените права и историските и канонски надлежности на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Така одлучи Тој кој се уште го има неприкосновеното право да ги потпишува томосите за автокефалноста на една црква. Мудро и пред се христијански.

Денеска (5.6.2018) медиумите пренесоа дека била остварена средба помеѓу патријархот Вартоломеј и атинскиот архиепископ Јероним. Меѓу другото се разговарало и за решението на Вселенската патријаршија да се заложи во решавањето на нашиот црковен статус. Во таа прилика патријархот изјавил дека е задоволен од развојот на настаните и дека чувствува канонска обврска да се обиде да работи на сеправославна обединетост и соработка.

„Големиот“ Алберт Ајншајн ќе рече: „Оние што веруваат дека религијата и политиката не се поврзани не ги разбираат ниту едната, ниту, пак, другата“. А ние, пак, овде, накусо би сакале да потсетиме што вели „учителката на животот“. Имено, древната Охридска архиепископија својот црковно – канонски легитимитет на автокефална Црква го добива врз основа на три хрисовули од ромејскиот (византискиот) император Василиј II датирани во 1018/19 и 1020 година. Имено, ромејскиот император, вклучително и ромејската држава (Византија) по ликвидирањето на државата на Самоил и неговата династија како последни остатоци од ликвидираното Прво бугарско царство (971), во 1018 г. мошне мудро и далекувидно доделиле канонски легитимитет на автокефална црква на Архиепископијата во Охрид. Со повелбите на Василиј II прецизно бил уреден нејзиниот автокефален канонски статус; биле утврдени диецезата, вклучително правата и обврските на нејзината јерархија. Тоа е периодот кога Охридската архиепископија го доживеала својот најголем процут во секој поглед. Оттука, поставена на цврсти темели, во следните 800 години од своето постоење, се до укинувањето во 1767 г., Охридската архиепископија ќе биде една од највлијателните Цркви во православната екумена, веднаш зад Патријаршијата во Константинопол. Несомнено таа во многу нешта ги задолжила сите православни народи кои живееле на просторот во нејзината диецеза и пошироко.

Разгледувајќи ја неколкувековната историја на Охридската архиепископија пред доаѓањето на Османлиите на Балканот, бележиме дека границите на нејзината диецезата постојано се менувале и зависеле од политичките прилики во регионот. Низ периодот на средновековието делови од нејзината диецеза биле под власт на различни владетели. Сепак, она што предизвикува внимание е фактот дека нејзиниот канонскиот статус на автокефална Црква никогаш не бил нарушен, ниту оспорен.

За време на својата осумвековна историја Охридската архиепископија изнедрила и голем број архиереи кои со својата дејност оставиле трага во православната Црква. Во контекст на угледните охридски архиепископи, најпрво ги вбројуваме двајцата охридски архиереи: Теофилакт Охридски (о.1084 – 1107) и Димитриј Хоматијан (1216 – 1234). Тие меѓу другото нé задолжиле со нивната богословска и хагиографска дејност оставајќи зад себе бројни пишани дела. Во нив содржани се толкувања по многу сложени канонски прашања. Воедно, тие се автори на двете житија на св.Климент и оттука најзаслужни се за „воскреснувањето“ на неговиот култ сред паствата на Охридската архиепископија. По нив следат Константин Кавасила (о.1250), Макариј Охридски (крај на 13. – поч. на 14 век) и др.

Нема сомнение дека Охридската архиепископија својот зенит го имала во времето на византиската епоха. Тоа е периодот кога во себе ја обединувала речиси сета територија на византиските владенија на Балканот. Под нејзина јурисдикција било сето словенско, албанско и дел од грчкото население на Балканот. Оттука историјата на Охридската архиепископија е можеби една од ретките која во себе ги обединува историите на сите православни балкански народи. Во неа, меѓу другото, се испреплетени политичките и духовни интереси на средновековните балкански држави и се разбира на Ромејската Империја (Византија) за време на целото нејзино постоење.

И сега доаѓаме со спинот, незнаењето и лагите. Наместо за суштината и фактите кои единствено имаат историска важност, дел од нашата јавност, свесно или не, започна да се занимава со спинот на минорната и политички инструментализирана српска архиепископија во Македонија со звучно име ПОА. Српските архиереи во Македонија веднаш ја препознаа заканата за себе и нивната „кула од карти“. Експресно ги активираа „своите спијачи“ и почнаа да спинуваат. Притоа најлесно се спинува со она што предизвикува емоција – во случајов македонското во називот на Црквата. Одеднаш големите космополити станаа борци за македонштината. Да не ги знаевме може и ќе поверувавме. Објективните аналитичари сосема точно напишаа: „Служба ради – меле ко млин“.

Повторно накусо за оние кои сакаат да знаат. Ниту една Црква не е впишана во диптихот на Вселенската патријаршија со нејзиниот национален предзнак. Едноставно по 1872 г.  Вселенската патријаршија секој национален предзнак во името на помесните цркви го квалификува како етнофилетизам. И руската, и српската, и албанската, и романската, и сите други автокефални помесни православни цркви од страна на Вселенската патријаршија се именуваат според катедрата на нивните патријаршии / архиепископии или според државата каде е нивната диецеза. Во нашиот случај одбрано е името на древната Охридска Архиепископија како идентификација за нашата МПЦ. И тука нема ништо спорно. Впрочем во Уставот на МПЦ стои дека Охридската Архиепископија се смета за неразделен дел од историското наследство на МПЦ и составен дел од нејзиниот назив.

На крајот од овој кус преглед на историјата на Охридската архиепископија во контекст на современите црковни состојби, сите оние кои се загрижени за „македонското“ во титуларот на Охридската Архиепископија ги потсетуваме на зборовите на „големиот“ и „ненадминлив“ Иван Снегаров, кои пленат со својата вистинитост: „Историјата на Охридската црква (Охридската архиепископија, м.з.) е историја на осумвековна духовна независност, би рекол на духовна сувереност на Македонија“. А „кој има уши да слуша, нека слушне.“ (Матеј 13, 9)

Пишува; Проф. д-р Драган Зајковски/ Институт за национална историја – Скопје

Коментар(11)

  1. Слушаат итекако МПЦ е одамна зрела црква за Афтокевалност само не им одговара сите се борат за власт,моќ и доминација.
    Постојат две прашања што би требало да не засегаат;
    Вселенскиот Патријарх е по потекло Грк од островот Крит што најверојатно како секој човек би требало да
    се бори за итересите на својата нација а истата положба да ја искористи за тоа?
    Дали сите соседни цркви како Пеќката,Трновската,Атинската би се окажале од Етнофилетизмот кој силно го противат па и ние да не бидеме МПЦ туку ПОА?

  2. Поздрав за вашия текст, г-н Зайковски! Уравновесен и задълбочен; научен и патетичен, в добрия смисъл. Дай Боже църквата в Македония да постигне това, което наистина заслужава – признаване, и да “замлъкнат лъжливи уста, които говорят за праведника с гордост и презрение”. На МПЦ пожелавам и трезвен поглед към себе си и собствената история – какъвто имате вие, и да не се връща в халюцинациите на “античния” македонизъм. Вярвам че тогава и Бог ще е с вас, защото е Бог на правдата, а не на лъжата. Поздрав!

  3. Врло занимљив макавелалистички приступ историји. Циљ оправдава средства. Ако за циљ узмемо идеју да је МПЦ наследница Охридске Архиепископије као национална, онда ту долази до озбиљног судара са чињеничним стањем. Тај прерогат, себи може да дода само у контексту последњих 50 година, и то је чињеница. Зато што једноставно, Црквено национални континутет као Македонска, једноставно нема.
    Скренуло ми је пажњу врло лукаво вртење информацијом како у исто време постоје Трновска Патријаршија и Охридска Архиепископија, ако заборавимо да у дотичном времену, Охридска Архиепископија се налази у оквиру Византијског а Трновска Бугарског Царства. Помоћи да то разумемо нам могу дати сами Архиепископи Охрида поименце: Кавасила, Хоматијан, Каматерос, који су више него јасни показатељи њиховог, етничког и језичког порекла. Да не заборавимо и да напоменемо на ком језику су написана дела Теофилакта, Николе Кавасиле. Увек у оваким текствовима ми скреће пажњу полуистина и саблазан.
    Тајне службе…мешање овог оног са овим, рекла казала. А чињеница каода трећа ставка првог члана устава Бугарске Патријаршије која гласи: (3) Самоуправляващата се Българска православна църква – Българска Патриаршия е правоприемник на Плисковската архиепископия, Преславската патриаршия, Охридската архиепископия, Търновската патриаршия и Българската екзархия. Тя е единна и неделима.
    О томе и томе сличном нигде ни спомена.
    Позрављам намеру, али средства која користите образлажући и покушавајући доказати недоказиво, излази из оквира историје у домен благо речено научне фантастике.

  4. Samozvani eklisiaste, zapravo vi niste nista rekli i vase je tumacenje makavelialisticko. Ako tako razmatrate crkvu u Makedoniji (necu ni da se zaustavljam sitnih netacnih i/ili manipulativnih detalja u vasoj mnogoglagolivoj prici), onda bi valjalo i da priznate da i SPC nema narocitog kontinuiteta sa prvom a niti sa drugom peckom patriarsijom. Ali veoma je izrazit pristup za vase podrucije neobektivno usporedjivati sebe i druge. Sto je u sustini korak do nacizma.

    1. СПЦ нема континуитет Пећке патријаршије зато што је хиротонију добијала од Цариградске Патријаршије. То је чињеница и нема ту шта да се крије. СПЦ је аутокефалност стекла 1920 године.
      Али је исто тако чињица да је Пећка патријаршија била српска, чему сведоче сви историјски документи.
      Ја одговорих а хајде и Ви поштовани Фил одговорите ми на неколико простих питања:
      Да ли имате било какав историјски доказ или извор који повезује Охридску Архиепископију и појам Македонска (Пре 1956)?
      Да ли су Охридски архиепископи у времену у коме функционише паралелно ОА и Трновска патријаршија били Византинци (грци)?
      Да ли је МПЦ у расколу са православним светом?

  5. Почитиван г-дин Еклисиаст, мојата прва препорака кон вас е да си го промените псевдонимот од „еклисиаст“ во „српски националист“, зашто во вашите коментари многу повеќе се застапуваате за некаков национален карактер на црквите (што еклисиолошки воопшто не е исправно, бидејќи православната Црква треба да има наднационален карактер, како што тоа многу убаво го објаснува проф. Зајковски во колумнава) и гордо се обидувате да го докажете „чисто“ српскиот карактер на Пеќската патријаршија – што исто така нема никаква врска со вистинското православие. И каде видовте дека авторот некаде изричито тврди дека ОА била чисто македонска црква, одоносно Црква само за етничките Македонци, како што вие тоа го имплицирате за СПЦ? А исто така немојте да заборавате дека српската архиепископија некогаш неканонски се одделила од Охридската, па поради тоа извесно време била во шизма…
    Така што, смирете се г-дине српски националист и ако сте верник имајте го на ум тоа дека Господ нема да ве праша дали бевте добар Србин и дали припаѓавте на чисто српската црква, туку дали имавте љубов кон своите браќа, пред сѐ православните…

    1. Почитуван господин Тодоровски,

      Ве благодарам многу та ваша брига и препораки за да менувам името. Навистина, сум српски националист, во рамки на рационален национализмот. Го сакам мојот народ и почитувам остали народи. Народи који што почитуваат идентитетот на другите народи со кои што живеат или живеа.
      Сега, бидејки ми давате неколку информации за православната еклисиологија и наднационален карактер на Црква, исповедам во дела и со речи дека Верувам во Една Света Саборна и апостолска Црква, и во рамки на тоа исповедање живеам и бивстувуам. Дел сум од Васеленското Православие. Не од оние што би сакале ама само доколку имаат некој интерес да се или не се дел од Црква.
      Ни рековте дека Црква е наднационална. Верувам во тоа. Вашиот (за жал во раскол) митрополит Повардарски Агатангел верува следново: “МПЦ е национална црква”. итн.
      https://www.youtube.com/watch?v=MN35spRWorU
      Е сега за мојот став дека Пекската патријаршија имала во ток на историја исклучиво српски образ нее нешто што има врска со моите желби, тоа е вистина. Црквеното право е една ствар, Еклисиологија е сосема друго, спага во домен на Догматика, на вистина на Православието.
      Една мала исправка, бидејки мислам дека или недоволно познавате историја на Црква и Балкан. Архиепископија на Србските и поморските земли не била во шизма кога добила (повтрорувам ДОБИЛА) автокефалија од Цариградскиот Патријарх на 1219, туку кога се самостално воздигнала на степен на Патријаршија. И тој проблем беше решен не со инсистирање на Црквониот врв туку со покајание на патријарот Спиридон, кој тргнал во Цариград и барал ПОКАЈАНИЕ за гресите на неговите предходници.
      Ве благодарам за вашите молитиви за моето смирение. Мислам дека она што ке ме праша Господ и каков оговор ке дадем е надвор од вашите умувања. Оставете тоа на Господ
      Со љубов и почитување
      ЕКлисиаст ака српски националист

  6. Hvala , g-ne Eklesiast na odgovoru. Naravno da bih i ja vam odgovorio, nadajuci se na isto. Pre 1959 nikad nijedna se crkva nije zvala makedonska. Pitanje – ako tokom pola istorije Crkve ni srbi nisu postojali u crkvenom smislu (do 11 v), zasto makedonci da nemaju pravo na mpc pa makar i da je pojam novi, kao sto srbi na spc? Za vreme paralelnog postojanja OA i Trnovske patriarsije arhiepiskopi su bili grci. Pitanje – sta od toga? Ako su pasomi OA bili uglavnom preci danasnjih makedonaca, ma kako god se zvali tad. Jos jedno pitanje – ako patriarh spc se zove i arhiepiskop pecki i karlovacki iz cisto nacional-romanticarskih podbuda (zapravo eklesioloski to je besmisleno jer je on edino beogradski), zasto glava MPC ne moze biti ohridski arhiepiskop i obrnuto bas iz istih razloga? I zadnje – da u raskolu su , zbog nopomirlivog udruzenog stava SpC i grka. Koji stav potice iz cisto nacionalistickih polazista u Grckoj, Srbiji i Makedoniji.

    1. Поштовани Фил.
      Апсолутно ћу се сложити са вама. Морам да признам да ми је изразито задовољство разговарати о овим и оваквим темама будући да је дијалог основно средство комуникације која тежи решењу проблема. Дакле ако разговарамо, можемо и да се размемо, ако се разумемо можемо да схватимо када грешимо и да преинатимо себе.
      Апсолутно се слажем са вама да македонски народ има право на своју Цркву, дал се звала она МПЦ или ОА или како год. Пробем међутим настаје када из неког разлога покушава да пронађе свој идентитет на идентитету другог. Имено, географски префикс Охридска није проблем. Проблем је историјски, јер се тиме други осећају увређени јер им неко дословно краде историју. Значи ако је реч од 1959. не постоји никакав проблем ако једоставно прихватимо чињенично стање. МПЦ тј. први епископи су примили апостолско прејемство и аутономију од СПЦ, не од ОА… што значи да историјског континуитета нема. Географски Охрид је у Македонији и Црква је Археипископија (за оквире православне екумене призната као Аутономна) али ако се надовеже на Историјску ОА онда се појављују Бугари и кажу чекај….наша је…или грци.
      Примера ради, оно што мени лично смета је када се историјско културно наслеђе у Републици Македонији званично приказује и рекламира као македонско. Марков манастир, Нагоричино, Трескавац. Историјски то су задужбине српских владара, данас у Републици Македонији. У служби од стране МПЦ као храмови али ако се не поштује историјско наслеђе другог, како може да се очекује ишта слично заузврат.
      Е сад, што се тиче раскола и непомирљивог става СПЦ, разлози су врло једноставни. Када потпишеш један документ, у случају промене става дужан си да обавестиш саговорника да мењаш став. Могу да вам потврдим да МПЦ никада није послала званичан допис Синоду СПЦ да одустаје од Нишког споразума, већ су дали званично саопштење медијима. То је крајње неозбиљно. На нивоу тинејџера. Свет тако не функционише. Нишким споразумом, подсетићу Вас, СПЦ је оставила за унутрашњу употребу слободу употребе имена МПЦ, значи у односу према Држави и народу. Поштујући македонски идентитет.
      Тиме су и Грци били спремни да направе корак назад и да се смире. Међутим …знамо како је све неславно завршено. И сада уместо да наставимо где смо стали….МПЦ около наоколо…свуда удара где може а не обраћа се СПЦ . А без сагласности СПЦ ништа не може да се реши. Потписници предсаборске комисије су Све православне Цркве…тако да је ствар јасна као дан. Изван тог окрвира, решења нема.
      Надам се и молим се Господу да се раздор на телу Христовом реши што пре на спасење свих.
      С поштовањем.
      ЕКлисиаст.

  7. G-ne Eklesiast , pricipno se slazem s vama. Ali mislim da na balkanu previse i pebolno se gleda na istoriju. Naime – brojna rimska nalazista u Srbiji jesu li srpsko nasledje? Jesu. Jer su danas na srpskoj teritoriji i su deo istorije tog tla. Uostalom – brojne crkve, koji poticu iz doba i jurizdikcije Bugarske egzarhije u istocnoj srbiji jesu li srpsko nasledje? Jesu iz istih razloga, sta vise se i danas koriste, i su pod srpskom jurisdikcijom. U cemu je onda problem sto Nagoricane, Markov manastir i t.d su u Makedoniji? Jednostavno se granice menjaju, a crkva treba da plovi dalje. Da se reklamiraju kao makedonsk nasledje je uredu, kao sto je u redu da je makedonsko nasledje m-r sv. Nauma, zaduzbina sv. kneza Borisa. SLicni bilateralni primeri na balkanu su bezbroj. Nigde u makedonskoj literaturi nisam video da se porice zadubinarstvo tog ili onog spskog vlastela i mislim da je to je sasvim korektno. Formulirovka “iznajmili”crkve makedoncima je malo sasava. Sta se tice makedonskog identiteta, taj problem ce ostati, jer u nasem delu Evrope nacionalni identiteti su iskljucivo istorijski, a tu makedonci kao takvi nemaju bas cime da se hvale. Ali Grcko-srpsko-bugarska opsesija za Makedonijom i 70godisnji rodni bolovi makedonskog identiteta nije razlog da taj narod bude u sizmi . To je zajednicki greh i propast a ne samo njihov. Uopste kanonska usmerenost crkava na prava iz proslosti nije skroz ispravna, jer istorije vec ima predugo i moze da se njoj do beskonacnosti manipulise. Ako je puni titul ohridskih arhiepiskopa nekad “Arhiepiskop Ohrida, Justiniane prime i cele Bugarske”, to je vec tad bio faktoloski nonsens, jer niti je bio cele Bugarske, niti je Justiniana prima – Ohrid, kao sto su arheolozi dokazali. Od toga po mom sledi da ne treba istorija da bude pravac resavanja crkvenih problema, nego budicnost. Dakle, neka imaju svoju kanonsku i cestitu Ohridsku arhiepiskopiju MPC. Zivi i ostavi drugih da zive….

  8. Да имаше волја за дијалог,разговор од СПЦ верувам дека проблемот со МПЦ одамна ќе беше надминат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *