
Ограбени две цркви во Штип
169
0
Две цркви во штипско биле мета на крадци, ноќта помеѓу 2 и 3 мај, соопштува МВР. Таа вечер околу 18 часот и 30 минути непознат сторите со употреба на сила ја отворил влезната врата на црквата „Св.Илија“ во селото Аргулица во Штип и од иконите одзел околу 5000 денари. Полицијата извршила увид и трага по сторителите.
Истата вечер, нешто подоцна било пријавено дека на ист начин со употреба на сила била отворена влезната врата и на манастирот 2Света Троица“лоциран во населбата Баби – Штип, од каде биле украдени околу 1.000 денари. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.