Почетна Вести Ограбена Шарената џамија во Тетово
Ограбена Шарената џамија во Тетово

Ограбена Шарената џамија во Тетово

88
0

sarena dzamija 2Девет илјади денари одзеле засега непознати сторители од дрвена кутија поставена на ѕидот пред влезот на Шарената џамија во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Случајот вчера во полиција го пријавил претседателот на Одборот на Шарената Џамија М.М.(49) од Тетово. Според неговиот исказ, во полицијата непознатите сторители кражбата ја извеле вчера во 3 часот и 45 минути така што насилно ја отвориле дрвената кутија и од неа одзеле парите што како прилози ги оставиле  верниците, а потоа незабележани од никого се оддалечиле.

– Полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на случајот и откривање на сторителите и веќе се располага со првични сознанија за идентитетот на вклучените во оваа кражба, рече Јосифовски

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *