Почетна Коментар Одговор на „БОЖИК: Што е вистина, а што мит во приказните на Матеј и Лука за раѓањето на Исус?“
Одговор на „БОЖИК: Што е вистина, а што мит во приказните на Матеј и Лука за раѓањето на Исус?“

Одговор на „БОЖИК: Што е вистина, а што мит во приказните на Матеј и Лука за раѓањето на Исус?“

342
0

Текстот кој „религија,мк“ го презеде од порталот „денешен.мк“, а чиј автор е новинарот Дарко Јаневски, предизвика голем интерес во јавноста и голем број реакции. До редакцијата на „религија,мк“ пристигна и одговор од група богослови. Во интерес на јавната дебата одговорот го пренесуваме во целост.

Го прочитавме текстот што го објавил г. новинар Дарко Јаневски. Убаво е што новинарот се потрудил да напише нешто што можеби му било нејасно, но уште поубаво ќе било подобро да го истражи настанот и да ги прочита повнимателно евангелските настани. Со цел да му помогнеме на братот и новинар, ќе пробаме во кратки црти да покажеме дека нема ништо нелогично во двата евангелски извештаи и извештајот од дефтероканонското протоевангелие и да направиме мала хронологија на настаните, без да се задржуваме на историските околности.

  1. Заедничко во сите три извештаи е тоа што Рождеството Христово се случило во околината на Витлеем. Во Матеевото евангелие не се раскажува каде се случило, но во Лукиното евангелие стои дека Богомладенецот бил положен во јасли, во Јакововото протоевангелие имаме и пештера.
  2. Според Лука за време на раѓањето, ангелите им ја објавуваат радосната вест на пастирите и им укажуваат како да го најдат Богомладенецот и да Му се поклонат.
  3. Во Протоевангелието Јаковово е опишано и самото раѓање. Јосиф наоѓа бабица, ја носи во пештерата, но при раѓањет светол облак се нашол во пештерата, толку светол што очите на присутните не можеле да ја издржат светлината, а следствено ни да видат како се родил Спасителот. Бабицата сепак забележува дека Богородица Марија е девица. Истото и` го соопштува и на Соломија (станува збор за Соломија, тетка на Богродица, која и самата била бабица), која првично не верува во тоа, но подоцна преку проверка и чудото со сушењето на нејзината рака и исцелувањето се уверува.
  4. После овие настани, во осмиот ден според заветот кој Бог го склучил со Авраама, Богомладенецот Иисус бива обрезан, што е опишано во Светото Евангелие според Лука.
  5. Ако го вклучиме овде и протоевангелието Јаковово, тогаш доаѓањето на мудреците се случува пред да биде Христос претставен во храмот. Исто така протоевангелието навестува, дека во тоа време настанале немири прво во Витлеем, а потоа и во Ерусалим. Веројатно Ирод првично помислил, дека синот на Захарија првосвештеникот може да биде идниот цар, зашто и ова раѓање беше проследено со чудеса. Затоа Захариј е убиен, а Симеон е поставен за првосвештеник.
  6. Во четириесеттиот ден се врши претставувањето во храмот, односно очистувањето на Пресвета Богородица. Христос е пречекан и примен в прегратки од страна на праведниот Симеон, кој според Јакова е избран за првосвештеник.
  7. По одењето во храмот, се враќаат во Назарет (иако според евангелијата и не мора да значи дека одма се вратиле во Назарет, односно се остава можност да прво отишле во Египет), Ирод се` повеќе и повеќе беснее, па ангелот му се јавува на Јосифа и тогаш бегаат во Египет. Кратко време по бегството во Египет, Ирод умира. Семејството се враќа во Назарет. Престојот во Египет бил краток, па затоа Лука и не го спомнува.

Подетални информации за овие настани можат да се најдат во книгата „Господови празници“ од митрополитот Јеротеј Влахос, која е преведена и на македонски јазик.

Користен материјал:
Свето Евангелие според Матеја, глава 2

Свето Евангелие според лука, глава 2

Протоевангелие според Јакова, глава 12-16

/група Богослови

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *