Почетна Верски буквар Од житието на Преподобниот Јоаникиј Ракотински
Од житието на Преподобниот Јоаникиј Ракотински

Од житието на Преподобниот Јоаникиј Ракотински

551
0

Не може да се сокрие светило што се наоѓа на врв планина и Не се става светило под поклоп туку на свекник за да ѓи осветлува сите в куки.

Животот на преопдобниот отец наш Јоаникиј е во токлу скриен, а истовремено и во толку објавен. Оскудни се податоците за åнеговиот живот. Се знае дека бил роден во годината 1839 во Охрид, а според некои од егејска Македонија, а починал на 24 Јануари 1941година и неговите мошти почиваат во манастирот на свети Илија во Скопското село Ракотница кое се наоѓа на падините на Водно, на 10-тина километри југоисточно од Скопје. На крштавањето го доби името Јован (Георгиев).

Неговата желба целосно да се предаде во служба на Бога ќе го донесе младиот Јован на негови триесетина години во манастирот на Св. Пантелејмон во скопското село Нерези. Оваа негова одлука веројатно е плод на неговите среќавања со монасите од обителта на Св. Пантелејмон, кои често оделе во Охрид и високиот духовен степен на нашиот народ во минатото. Во овој манастир, каде во тоа време имало големо монашко братство, тој поминува две години како искушеник, по што е замонашен и на монашењето го добива името Јоаникиј. Во манастирот на св. Пантелејмон монахува уште две години. Неговото служење во манастирот на светиот исцелител и безсребреник свети Пантелејмон  засекогаш ќе остави еден дел од неговиот благодатен живот. Имено, во својот понатамошен живот тој своето служење на народот Божји, па и на иноверните, подеднакво се грижил и за нивното духовно и телесно здравје лекувајќи ги со лековити тревки и молитви. Своерачно има напишано и една книга “Лекаруша” која денес се чува во Црковната Архива на Богословскиот факултет во Скопје. Бројни се и неговите исцеленија по неговите молитви во случаевите каде природните лекови не помагаат постојано раководејќи се од Христовата заповед:

Бесплатно добивте, бесплатно давајте (Мат. 10, 8).

Наредните три години отецот Јоаникиј ги поминува во манастирот Св. Димитриј (Марков манастир). Во 1875 година отец Јоаникиј, веројатно веќе како  јеромонах, заедно со селаните од блиското село Ракотинци се зафаќа со обновување на ракотинскиот манастир Св. Илија, кој во турско време бил повеќепати разурнуван. Веста за обновувањето на манастирот ги огорчува турските власти и Јоаникиј, за да ја одбегне лутината на Турците и да не предизвика неволји и зла во селото, заминува накусо за Света Гора. Од истата причина тој четирипати се враќа на делото на обновување на манастирот, повремено заминувајќи на Света Гора, се додека да се смират страстите. Сепак, со упорност и ревност на човек со цврста вера и јасна визија, тој успева да го заврши обновувањето. Покрај црквата, посветена на светиот пророк Илија, нешто подоцна се изградени и конаци. Во овој манастир Јоаникиј, е произведен во чин архимандрит каде живее наредните 63 години, сè до неговото блажено упокојување во Господа во 1941 година, на негови 102 година. Отец Јоаникој по бил низок и во лице поличок и мил човек со блага душа и смирувачки збор. Останато е сведоштво дека во текот на целиве овие 63 години, „архимандритот Јоаникиј бил многу скромен и не барал никаква помош за себе, освен ако затребало нешто за манастирот“ . Како што е вообичаено, за неговите монашки подвизи не се знае многу, а на неговиот духовен раст укажува фактот дека му бил исповедник на тогашниот скопски митрополит Варнава, подоцнежен Патријарх српски, а Митрополитот Скопски  Јосиф пак, ќе знае да му каже: Јас сум Епископ  по чин а ти по дела.

Селаните го памтат по своите добри дела. Бил најобразованиот човек во околијата и кај него за совет доѓале и од најодалечените села, бил најомилен меѓу христијанското население па дури турските аскери го почитувале. Селаните го нарекувале и дедо Аџија затоа што има одено на аџилак на поклонение во Јерусалим  на Гробот на нашиот Бог и Спасител Исус Христос.

Како вистински Пастир и духовен лекар тој се грижил и за душите и телата на своето духовно стадо. Покрај тоа што ги исповедал и духовно ги поучувал и водил на духовниот пат кон спасението тој во 1896 година основа и училиште во манастирот каде што и интелектуално ги образувал,  а самиот тој бил и нивен учител, во кое отпрвин учеле само машки деца, а подоцна и девојчиња. Архимандритот не ги учел децата само на светската наука, туку поставувал здрав темел во срцата на децата со Божјото слово, пред се со добриот личен пример и непрестајната молитва за сите.

Често ги советувал и користејки го познаванјето на аСветото Писмо и дарот на прозорливост ке и откривал и за временските услови за работа и често ѓи советувал и откривал велејќи и: Луѓе слушајте ваму, каков век иде, што пишува во Евангелието? Најпрво ќе исушат бресјата, ќе загинат водите, ќе има војни, поштујте празниците, немојте да го кодошите комшилукот…

Распламтени со љубов кон Бога, некои од нив подоцна и се замонашиле. Еден од нив, Спасо, во монаштвото Софрониј, бил од Ракотинци и служел во манастирот заедно со архимандритот . Со о.Софрониј тој редовно го служел целиот  Литургиски Богослужбен циклус и покрај многуте грижи и обврски околу полските работи на манастирскиот имот за кои повторно се грижел тој самиот.Друг, Макариј, подоцна станал старешина на Марковиот манастир, а позната е и монахиња Антонија.

Селаните сè уште се сеќаваат дека тој ја изградил првата воденица во селото, „која работела со силата на еден коњ“.

Во Манастирот живее  сè до неговото блажено упокојување во Господа на 24 Јануари 1941 година за кое како и кај многумина Божји угодници му било откриено од Господа а и за идните настани со неговото тело. Пред да се упокои, на местото

каде што пребивал, започнал сам да си ја прави гробницата, а кога селаните го молеле да му помогнат во копањето тој возвраќал со зборовите: „Таа е лично за мене, сам ќе си ја направам”.

Меѓутоа според зборовите од Евангелието дека неможе да се сокрие светило на врв на планина така и личноста на блаженоупокоениот Старец Јоаникиј кој во својот подвижнички живот живеејќи скришно во својата тајна соба т. е. во срцето ѓи поминал сите три степени од духовниот живот. Степенот  на подвижничкотата борба над срцето и неговото очистување од страстите, а воедно и ослободување, потоа степенот на просветление на умот каде во веќе очистеното срце молитвено слегнува умот на подвижникот и таму се бања и просветлува со просветлувачката благодат на Светиот Дух и третиот степен на обожувањето на целата личност каде не само душата туку и телото е просветлено и обожено и неможе да види распаѓање. Така и со св.Јоаникиј Ракотински кого, отпосле неговото блажено упокојување во Господа, неможеше да го сокрие земјата и неговото свето тело целосно беше исфрлено надвор за слава на Бога. После 30-тина години од неговото упокојување неговите свети и нетлени (нераспадливи) мошти на чудесен начин биле исфрлени на површината. Тогаш парохискиот свештеник побожно и со сите почести му ги измил и помазал неговите свети мошти и заради незнаење на мештаните и страв од безбожничката комунистичка власт ги префрлил во друга гробница која се наоѓала во една од селските цркви од која, подоцна, повторно заради несоодветен однос кон него Неговото нераспадливо тело било вратено во старата гробница, сега покриено со три камени плочи од кои на третата имало отвор преку кој можело да се види сочуваниот лик на  преподобниот старец.

Но и во ова трета поред гробница, телото на светиот стрец било оставено на невнимание и несоодветна грижа така да изложено на надворешните временски промени почнало да се распаѓа, заради тоа Во денешно време о.Фотиј, игумен на Беровскиот манастир на Пресвета Богородица, со неколкумина верници го откопаа, повторно го помазаа со миро и го положија во нов и заштитен гроб. Од неговото свето тело и денес може да се почуствува благоухание (пријатна миризба) која сведочи за светиот живот на старецот.

Во последно време кога нашиот народ полека се буди од духовната заспаност од атеизамот, се буди и свестта и почитта кон овој наш свет човек свидетел за континуранта неизмерна благодат на Светиот Дух во нашата Црква. Се повеќе се јавува заинтересираноста на верниците за животот на старец Јоаникиј и нивно поклонение на неговиот гроб. А во манастирот на свети Никола во Љубанци е живописана и негова прва икона.

На  24/09.2017 во Соборниот Храм во Скопје, МПЦ ОА официјално го прогласi за светител преподобниот Јоаникиј Ракотински.

По неговите свето молитви, Господи Исусе Христе, помилуј не!

/mpcaus.org

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *