Почетна Верски буквар Од верскиот буквар : Се гледаш самиот себе
Од верскиот буквар : Се гледаш самиот себе

Од верскиот буквар : Се гледаш самиот себе

139
1

„Еден ден, дошле луѓе кај некој осамен монах. Го прашале:

– Која е смислата на твојот живот во молчание?

Монахот нацрпил вода од длабокиот бонар, и им рекол на своите посетители:

– Погледнете во бунарот! Што гледате? Луѓето погледнале во длабокиот бунар.

– Не гледаме ништо – рекле.

После кратко време, пустиникот повторно им рекол на своите посетители:

– Погледнете во бунарот! Што гледате? Луѓето повторно погледнале долу.

– Навистина, сега се гледаме себеси! Монахот им рекол:

– Гледате, кога пред малку нацрпив вода, таа се разбранува. Сега водата е мирна.

Тоа е искуството на тишината: Се гледаш самиот себе!

Коментар(1)

  1. Никој освен Господ неможе да ве научи на вистинското познание на самите себеси. На тоа учи и искуството, но точното разбирање на искуството го дава Господ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *